Во јули намалени цените на индустриските производи на месечно ниво, на годишно зголемени
Продажните цени на производителите на индустриски производи, вкупно, се пониски за 0,7 проценти на месечно ниво, а повисоки за 3,1 процент на годишно ниво, објави денеска Државниот завод за статистика (ДЗС).
Во јули годинава продажните цени на производителите на индустриски производи на странски пазари се пониски за 0,4 проценти на месечно ниво, а повисоки за 6,3 проценти на годишно ниво.
Во јули во споредба со јуни годинава продажните цени на производителите на индустриски производи, вкупно, се повисоки во секторот „рударство и вадење камен“ за 1,8 проценти, а се пониски во секторите „преработувачка индустрија“ и во „снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација“ за еден процент.
Во јули годинава,во споредба со јули минатата година, продажните цени на производителите на индустриски производи, вкупно, се повисоки во секторот „рударство и вадење камен“ за 22,1 процент, во секторот „преработувачка индустрија“ за 1,7 проценти и во секторот „снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација“ за 0,5 проценти, покажуват статистичките податоци.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Александар Даштевски, претседател на ДИК
-
Мостот „Беласица“ целосно функционален
-
Зошто Токсикологија не почитува мерки на надлежни институции
-
Ќе се врати ли старата цена на осигурување за регистрација на возилата?
-
Обвинителството со огромен број докази за распределбата на спортски ваучери
-
ДУИ притиска: Без нас нема Влада - Од ВМРО-ДПМНЕ децидни Ахмети останува во опозиција
-
Парламентарни избори 2024
-
Вапцање велигденски јајца в зори на Велики Четврток