Во изминатите 24 часа во ковид-центрите во Скопје хоспитализирани 23 пациенти, вкупно се лекуваат 356 лица

Министерството за здравство информира дека во изминатите 24 часа во ковид-центрите во Скопје се хоспитализирани 23 нови пациенти поради компликации од коронавирусот. Вкупно 356 лица сомнителни и потврдени за Ковид-19 се лекуваат на инфективните оддели во главниот град.
Во последното деноноќие, на интерните клиники имало пет приеми и тоа по еден пациент бил хоспитализиран на Клиниката за гастроентерохепатологија, на ОРЛ и на Институтот за ТБЦ. Двајца болни се примени на Клиниката за неврологија.
Во ковид-центарот во ГОБ „8 Септември“ имало 13 нови приеми на пациенти. На Инфективната клиника во текот на вчерашниот ден се хоспитализирани пет болни.
Во изминатите 24 часа дома се пуштени 15 оздравени пациенти.
Во моментот, на Кожната клиника во ковид-центарот се лекуваат 16 пациенти, на Клиниката за неврологија 18 болни, а на Институтот за ТБЦ се примени вкупно 22 пациенти со симптоми на корона вирусот, во ковид-центарот на Клиниката за нефрологија во моментов се сместени 14 пациенти, на Клиниката за очни болести осум пациенти, а на ОРЛ седум болни. На Клиниката за Гастроентерохепатологија лежат 17 пациенти.
Во ГОБ „8 Септември“ има вкупно104 болни, на Клиниката за инфективни болести лежат 123 пациенти, додека во Институтот за белодробни заболувања кај деца Козле има 27 пациенти.
Вкупно 356 пациенти потврдени и сомнителни за Ковид-19 се лекуваат на инфективните оддели во болниците во главниот град. Голем дел од пациентите се на кислородна поддршка.
-Бројот на приеми во изминативе денови е намален и утрово до 8 часот имало 128 слободни места, а се очекува во тек на денот по направените исписи на оздравените пациенти да се ослободат и дополнителни места. Сите инфективни одделенија имаат довод на кислород и можат да згрижат пациенти кои имаат потреба од кислородна поддршка, велат од Министерството за здравство.
Ново на Сител
-

ПС на Советот на Европа го затвори пост-мониторинг дијалогот со Северна Македонија – важно институционално признание за напредокот на државата
-

Хоман нареди подготовки за повлекување на агентите од Минесота
-

Трамп вели дека Путин се согласил Русија да не ја напаѓа Украина една недела
-

Андоновски: Значително зголемен бројот на услуги во Центрите за услуги, најавени и е-Киосци
-

Герасимовски: Паричната помош за новороденче во Центар се зголемува од 7 000 на 10 000 денари
-

Израел врати 15 палестински тела, подготвувајќи ја следната фаза од мировниот план
-

Николоски за изградените два километри од автопатот Скопје-Блаце кои завршуваат во провалија: Очекувам новиот обвинител да отвори истрага
-

Нов закон во Русија: Доброволна самозабрана за игри на среќа како заштита од зависност
