Во Холандија и помфрит од автомат
Група холандски професори и студенти развија прототип машини кои ќе служат свеж пржен помфрит, јави Хина.
Автомати од каде можете да купите топли и studeni пијалоци, сендвичи, слатки и грицки, широко се распространети, но ова е прв апарат во светот кој подготвува помфрит.
Тoj e дело на грипа професори и студенти од Универзитетот Вгенинген во Холандија. Автоматот е мултифункционален, па покрај помфрит може да се нарачаат и кафе и други продукти.
- Ние се обидовме да направиме идеален спој која ќе ги исполни сите барања: помфритот мора да биде добар, не смее да има лош мирис и се мора да биде здрвствено сигурно, изјави за холандската телевизија еден од раководителите на проектот Бастијан Роест, додавајќи дека нивниот автомат успеал каде другите не, бидејќи е многу сложен.
Помфритот се чува замрзнат на 18 степени Целзиусови, а се пржи на 180 степени. Процесот на подготовка почнува дури кога корисникот ќе внесе монета во апаратот и тој трае две минути. Во понудата има сос, кечап или мајонез.
Прототипот од засега единствениот функционален апарат се наоѓа во кафитеријата на факултетот во Вагенинген, а пронаоѓачите не би имале ништо против некој да им понуди развој за поширока комерцијална потреба.
Ново на Сител
-
Руски воен репортер загина во Украина
-
Претрес во Свети Николе, пронајдена дрога
-
Пожари на диви депонии во Желино и Боговиње
-
Приведен дилер во Охрид, пронајдена дрога
-
Вучиќ-О'Брајан: Различни ставови по прашањата за Косово и Сребреница
-
Шест деца и тројца возрасни загинаа во израелски напад во Рафа
-
Во вторник предизборен молк
-
СПМ поднесе кривична против поранешниот министер за внатрешни работи и други три лица за несовесно работење