Во Грција потврден првиот случај на „Кентаур“ – новата подваријанта на Омикрон
Во Грција е потврден првиот случај на подваријантата на Омикрон ΒΑ.2.75.2, позната како „Кентаур“, јави дописничката на МИА од Атина.
Според Националната организација за јавно здравје на Грција од анализирани 664 примероци по случаен избор од периодот од 22 јули до 4 септември, кај сите била потврдена варијантата Омикрон (B.1.1.529), а кај еден примерок била идентификувана подваријантата BA.2 (BA.2.75.2).
Во однос на ситуацијата со пандемијата во Грција, во периодот од 5 до 11 септември биле потврдени 33.590 случаи на Ковид-19, од кои 22 проценти се реинфекции, а починале 129 лица.
Бројот на смртните случаи е за 30 проценти помал во споредба со една седмица претходно, а кај заразените има намалување за 17 отсто.
Во конкретниот период биле направени 580.195 тестови, со стапка на позитивност 5,79 отсто.
Од почетокот на пандемијата во Грција се потврдени 4.838.811 случаи на Ковид-19, а починаа 32.894 лица.
Паралелно, од денеска во земјата започна имунизацијата со ажурираните вакцини против Ковид-19 кои заштитуваат од варијантата Омикрон, а вакцините ќе се користат само како прва или втора бустер доза, односно само за оние кои се веќе вакцинирани со две или три дози.
Приоритет имаат граѓаните над 60 годишна возраст и лицата со здравствени проблеми, а ажурираните вакцини се мРНА вакцини на Фајзер и Модерна.
Ново на Сител
-
Fast Food 7 - принцип за постојан квалитет | Билјана З. Попова | Бизнис приказни | Sitel Podcast 030
-
Пронајдена неексплодирана експлозивна направа во Битола
-
Разбојникот кој ограби казино со автоматско пушка е полицаец
-
Демири: Ако Клиниката за токсикологија не била осигурена, менаџментот треба да преземе одговорност
-
До 30 април на полноќ пријавување на болните и изнемоштените за гласање на изборите на 8 мај
-
Гевгеличанка лажела дека е царински застапник и измамила Грк за 2.000 евра
-
Тошковски: Поддршка до специјалните единици бидејќи тие се првиот столб на заштитата на безбедноста и суверенитетот на државата
-
Пет клучни донатори вложија повеќе од 50 милиони долари во претседателската кампања на Трамп