Во Гостивар регистрирани два нови случаи на Сида

Една жена на возраст од 50 до 59 години и еден маж со над 60 години се двата нови регистрирани случаи на заразени од ХИВ на подрачјето на Гостивар, информираше д-р Војислав Огњаноски од центарот за Јавно здравје, на презентацијата за Стратегијата за превенција, која денес се одржа во Гостивар.
Епидемиологот и раководител на гостиварското Епидемилошкото одделение д-р Огњаноски нагласи дека ова се првите случаи на ХИВ кои се евидентирани во Гостиварско после пет години. Сега вкупната бројка на заболени од ХИВ СИДА изнесува седум.
- Ова се случаи кои ги регистриравме овој месец по методот на доброволно тестирање и советување. Начинот на трансмисија кај новите случаи е хетеро сексуален. Најголемиот број на заболените и инфицираните се заразиле по сексуален пат, што е и во овој случај. Претходно имавме и случај на пренесување на вирус од мајка на бебе. Гостивар и натаму е во градовите со ниска преваленца на ХИВ Сида, како што впрочем е и Република Македонија, рече д-р Огњаноски.
За да се задржи малиот број на заболени, додаде, Гостивар е вклучен во проект за заштита од ширење на ХИВ, финансиран преку Европските фондови. За да се одржи нискиот број на заразени, изработена е и локална Стратегија за превенција, која денес беше презентирана пред лекари, граѓански активисти и социјални работници.
Првите случаи на заболени од ХИВ СИДА во регионот на Гостивар беа регистрирани во 2005 година.
Ново на Сител
-

Истражување: Повеќе од 388 милиони христијани доживеале прогон поради својата вера во 2025 година
-

Франција ќе отвори конзулат на Гренланд
-

Битолчанец возел со 1,81 промили алкохол во крвта и направил сообраќајка
-

Шолц: Путин однапред ја испланира војната против Украина
-

Трамп му се закани на премиерот на Гренланд, Нилсен
-

Најстудено во скопско Петровец, најмногу снег на Попова Шапка
-

Лидерска средба за реформските закони и за укинување на техничката влада, не доаѓа само Филипче
-

Со палење на маските и василичарско оро завршува Вевчанскиот карневал
