Во Германија има 1.8 милиони заразени со Ковид-19, тврдат научници
Во Германија има околу 1.8 милиони заразени со новиот коронавирус, истакнаа група научници од Универзитетот во Бон во студија.
„Овој скриен број е 10 пати поголем од вкупниот број официјално објавени случаи“, се вели во извештајот.
Студијата ја водеше директорот на Институтот за вирологија од Универзитетот во Бон, Хендрик Штек.
Научниците ја испитале состојбата во општината Гангелт во округот Хајнсберг, Северна Рајна-Вестфалија, што се смета за епицентар на епидемијата на Ковид-19 во Германија.
Научниците заклучиле дека 22 проценти од населението во оваа област биле позитивни на новиот коронавирус, но без никакви симптоми.
Според последните податоци на Институтот за вирологија Роберт Кох при германското Министерство за здравство, во Германија има 163.175 заразени со Ковид-19, 679 повеќе од вчера, а починати се 6.692 лица.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Александар Даштевски, претседател на ДИК
-
Мостот „Беласица“ целосно функционален
-
Зошто Токсикологија не почитува мерки на надлежни институции
-
Ќе се врати ли старата цена на осигурување за регистрација на возилата?
-
Обвинителството со огромен број докази за распределбата на спортски ваучери
-
ДУИ притиска: Без нас нема Влада - Од ВМРО-ДПМНЕ децидни Ахмети останува во опозиција
-
Парламентарни избори 2024
-
Вапцање велигденски јајца в зори на Велики Четврток