Во Германија голем скок на новозаразени, властите предупредуваат
Бројот на потврдени случаи на коронавирус во Германија е зголемен за 4.058, што е речиси двојно повеќе од претходниот ден, покажуваат денешните податоци на Институтот за заразни болести Роберт Кох.
Ваков скок на бројот на новозаболени лица во Германија не е забележан од април. Вкупниот број на заразени сега е 310.144.
Од Ковид-19 починаа уште 16 лица, а вкупниот број на смртни случаи од почетокот на пандемијата е 9.578.
Институтот Роберт Кох соопшти дека во следните денови може да се очекуваат по 10.000 нови случаи на ден.
Според Институтот, само осум проценти од случаите во Германија биле увезени од странство.
Германскиот министер за здравство Јенс Шпан предупредува дека ситуацијата е загрижувачка и оти мора да се запре експоненцијалното ширење на вирусот.
– Бројот на новозаразени надмина 4.000. Тој е речиси двојно зголемен и експоненцијално расте. Секој мора да стори сè со цел заразата да не излезе од контрола, напиша Норберт Ретген, висок функционер на владејачките демохристијани.
Во Берлин и Франкфурт веќе се воведени ограничувачки мерки, а рестораните навечер не работат.
Ново на Сител
-

Автомобил се судри со трактор на патот Градско – Прилеп
-

Хибридите и моторите со внатрешно согорување можат да останат: ЕК го намали целниот процент за нулта емисија до 2035-та
-

Кушнер се повлече од белградскиот проект „Трамп“ вреден 750 милиони евра; Вучиќ: Ова е многу лоша вест
-

Силни безбедносни гаранции од Европа и САД – услов за мировен договор, нагласи Зеленски
-

Детски психијатар од Хрватска злоставувал малолетни деца и им давал дрога
-

Песков: Русија сака мир, а не кратко примирје
-

Тешко повреден малолетник на „томос“ по направена сообраќајка
-

Благодарение на ЗХГ ќе нема огномет на новогодишната прослава на плоштадот во Скопје
