Во Франција поради насилство на протестите на средношколците приведени 5.060 лица, 14 се во притвор

Министерството за правда на Франција денеска го објави првиот извештај за правните постапки покренати поради насилство за време на протестите на средношколците предизвикани од нивното незадоволство од состојбата во училиштата и образованието.
Парискиот весник Монд пренесе дека од почетокот на инцидентите минатата недела, полицијата привела 5.060 лица, вклучително 4.406 малолетници (87 проценти) и 654 возрасни лица.
Во оваа фаза кривична постапка се води против 1.802 лица – 1.483 малолетници и 319 возрасни. Издадени се 14 налози за задржување во притвор за 10 возрасни лица и четири малолетници.
Министерството додаде дека веќе се изречени 1.376 мерки како алтернатива на кривичното гонење – опомени, забрани за влез во одредени подрачја, општокорисна работа.
Движењето на протести на средношколците почна на 18 септември во училиштата во посиромашните предградија на Париз, од каде што се прошири низ целата земја.
Учениците кои ги блокираат училиштата укажуваат на проблеми како што се преполни училници, недостиг на наставен кадар и дотраени згради, припишувајќи ги тие проблеми на повеќегодишното недоволно вложување во секторот на јавното образование.
Поради последиците од протестите, 500 средни училишта се целосно или делумно затворени, а запалени или демолирани се повеќе од 20 училишта. Со средношколците се солидаризираат повеќе од 30 универзитети кои ja прекинаа наставата или се блокирани од студентите. Десетици луѓе се повредени за време на протестите во судирите со полицијата.
МИА
Ново на Сител
-

Ѓорѓиевски: По 30 години чекање - за само пет месеци работа, булеварот „Борис Трајковски“ е пред завршување
-

Зеленски до лидерите во ЕУ: „Војната ќе чини 155 милијарди евра следната година, Ве молам да најдете начин да ја обезбедите таа поддршка“
-

Клековски: Треба да ги има сите лекови за онколошките пациенти, повеќекратно е зголемен буџетот на Онкологија
-

„Аушвиц, Аушвиц“ и „Стани, Адолфе“: Скандалозни скандирања на навивачите на Хајдук
-

Мартинез му се извини на раководството на Манчестер јунајтед
-

Сиљановска-Давкова: Командата за операции е еден од столбовите на армискиот одбранбен систем
-

Кејн останува во Баерн до 2029
-

Алкараз прв пат по петгодишна пауза ќе игра во Виена
