Во Египет откриени 150 бронзени статуи на богови

Во некропола во Сакара, во близина на Каиро откриени се 150 бронзени статуи, соопшти Министерството за туризам и антиквитети на Египет.
Тоа е прво и најголемо откритие на бронзени статуи од древниот Египет во областа, околу 28 километри јужно од Каиро.
Статуите ги прикажуваат старите египетски божества, како богот на задгробниот свет, Анубис, божицата на денот, Нефертим, богот на сонцето и воздухот Амон.
Археолозите пронашле и бронзени садови, се верува оти се користени за време на молитвите на божицата на плодноста, Изида.
Пронајдени се и 250 насликани дрвени саркофази со добро сочувани мумии, дрвени статуи, маски, како и фигури на мачки.
Пронајден е и накит од ерата на Новото кралство, како што се бразлетни и обетки.
Ископувањето во областа на Сакара почна во 2018 година.
Ново на Сител
-

Oпозициски прашања во Собранието
-

Реакции по укинувањето на пресудите за Ласкарци и Стевчо Јакимовски од Врховниот суд
-

Претрес на 32 локации за откривање на фалсификаторите на возачки дозволи
-

Мицкоски најавува поевтина струја – Филипче не верува
-

Мицкоски: Mногу бргу ќе има решение за нов клинички центар
-

Пензионерите бараат линеарното зголемување да стане законско - трошоците за живот растат исто за сите
-

Со пари од ИБРД и КФВ до енергетско ефикасни студентски домови
-

Преглед на вестите од светот
