Во Дрезден ноќеска се урна мостот Карола на реката Елба
Мостот Карола на реката Елба, во германскиот град Дрезден, ноќеска ненадејно се урна, по што делови од него, што го поврзува историскиот стар град со новиот град, паднале во реката.
Весникот „Билд“ пренесе дека постои опасност и други делови од мостот да се урнат.
Граѓани на Дрезден утринава изјавуваат дека слушнале тресок околу три часот по полноќ.
-Слушнав огромна експлозија, што ме разбуди. Не можев да видам ништо во мракот, а потоа слушнав сирени, изјави Хендрик Пач за Билд.
Мостот Карола е еден од најважните мостови во Дрезден. Тој беше уништен во Втората светска војна и повторно изграден како автомобилски мост со четири ленти за време на Германската Демократска Република (ГДР).
Делот што сега се урна е очигледно оној што ја поврзува старата база со компонентите од ГДР.
Според Билд, три сегменти од мостот се во вода. Службите за итни случаи ја опколија целата област околу мостот Карола и самиот мост.
„Добивме повик во 3:01 часот, мостот веќе беше во Елба. За чудо, никој не е повреден, изјави портпаролот на полицијата за Билд.
Службите за итни случаи претпоставуваат дека постои акутен ризик од колапс.
-Очекуваме дека нови делови од мостот би можеле да се урнат, изјави утринава портпаролот на противпожарната служба на местото на настанот.
Ново на Сител
-

Поради маглата, на скопскиот аеродром има откажани летови, се реализираат со задоцнување
-

Почина актерот Лазе Манасков
-

Откажување на годишниот концерт на НУ Ансамбл „Танец“
-

ОЈО Битола: Поведена постапка против 56-годишен маж за силување на жена
-

Премиерот Мицкоски во Русиново на119-годишнината од загинувањето на Даме Груев
-

На 75-годишна возраст почина Драган Б. Костиќ
-

Свечена академија по повод 80 години од основањето на Библиотеката „Кочо Рацин“ во Тетово
-

Франкфурт воведува евтино ноќно такси за жените
