Во Драч запленети 30 килограми хероин
Албанската полиција, во пристанишниот град Драч, заплени 30 килограми хероин, чија вредност на пазарот достигнува 10 милиони евра.
Дрогата, распределена во 52 пакетчиња, била скриена во камион „сканија“ со приколка, натоварен со огревно дрво, кој тргнал од Елбасан, а требало да замине со траек за Италија.
При контрола со скенер, на таванот на каросеријата биле откриени пакетчињата со дрога.
Уапсен е возачот на камионот Аурел Круемади(45) од Елбасан, кој тврдел дека немал сознанија оти во возилото има и дрога.
Постојат основани сомненија дека потеклото на дрогата е Турција, која најверојатно минала низ Македонија или низ Косово па стигнала до Албанија.
Албанската полиција потврдува дека ова е најголема количина на запленет хероин во последните години. Истрагата се води за меѓународна трговија
Ново на Сител
-
Тема на денот со Моника Зајкова, претседателка на ЛДП
-
Преглед на вестите од светот
-
50 години и шест месеци затвор за нарко-кланот Грчец
-
Прва затворска казна за убиство на куче во Македонија
-
Пожарот кај Дојран ставен под контрола
-
Повеќе државни институции сместени во МРТВ две недели без вода - Вработени раце мијат во блиски молови
-
Македонија изгубила речиси 250 000 граѓани за една деценија, објави ЕВРОСТАТ
-
Студентите ќе добијат ваучери од 250 евра за компјутер, лаптоп или таблет