Во Црна Гора е најавено воведување полициски час од 21 до 5 часот наутро до 1 декември
Во Црна Гора е најавено воведување полициски час до 21 до 5 часот наутро до 1 декември, а исто така се планира забрана за меѓуградски сообраќај за време на викендите, пишува „Вијести“.
Најавено е и дека ќе се скрати работното време на продавниците и угостителските објекти до 20 часот. Ќе бидат забранети сите собири, како и посети на домаќинства.
Носењето маски ќе биде задолжително и во угостителските објекти, а како посебна дополнителна мерка за угостителите, ќе има и поставување на плексиглас помеѓу масите во просториите.
Исто така, се планира да се назначи одговорно лице во секој објект за спроведување на мерките.
Максимум четири лица ќе можат да се движат заедно.
Забранети се движења од општина во општина од денеска на полноќ до недела на полноќ, освен за вршење на работни и економски активности, здравствени потреби и хуманитарни причини.
Забранети се верски собири, свадби, сите приватни собири и прослави (родендени, крштевки и други прослави).
Ново на Сител
-
Просечна излезност до 9 часот
-
ДИК: Гласаат болни и изнемоштени лица, затвореници и дијаспора
-
Изборна статистика
-
Масовна посетеност на струшката литија
-
Страотна сообраќајка кај скопско Влае - тројца повредени
-
ДИК: Гласаат болни и изнемоштени лица, затвореници и дијаспора
-
Избори во Идризово, гласаат близу 900 затвореници
-
Во Штип гласаат болни и изнемоштени, излезноста со ист процент како и во првиот изборен круг