Во Црна Гора ангажирани најмалку 1.800 полицајци за спречување инциденти пред устоличувањето на митрополитот Јоаникиј во Цетињe
– Најмалку 1.800 униформирани припадници на полицијата и голем број старешини и припадници на криминалистичката полиција ќе се обидат да спречат инциденти поради устоличувањето на митрополитот Јоаникиј во манастирот Цетиње на 5 септември.Управата на полицијата е соочена со најголем безбедносен ризик во поновата црногорска историја, јави РТЦГ.
Оперативниот штаб на Управата на полицијата направи безбедносен план со најмалку три можни сценарија со цел да се зачува мирот во Цетиње и Подгорица и да се заштити безбедноста на учесниците на верскиот собир и гостите, но и демонстранти, објавија „Вијести“. Полицискиот директор Зоран Брѓанин цело време ќе биде во тој штаб, а постапките на полицајците, како што беше планирано, ќе бидат снимени со специјални уреди за аудио-визуелен мониторинг со цел дополнително да ги контролираат нивните дејствија, но и нивната заштита.
Советот за национална безбедност вчера издаде упатства до органите на разузнавачкиот и безбедносниот сектор за, како што објавија по седницата, да ја зајакнат координацијата со цел зачувување на уставниот поредок и заштита на правата и слободите.
Ново на Сител
-

Тема на денот со Венко Филипче, лидер на СДСМ
-

Филипче бара извинување од Мицкоски, премиерот ја нарече одлуката на обвинителството скандалозна
-

Опозицијата поделена по понудата за предвремени избори
-

Во Скопје детектирани 13 високо ризични места за ширење на западно-нилскиот вирус
-

Прекината епидемијата во Гостивар
-

Чадот од пожарите го загрозува здравјето - најчувствителни се децата и хронично болните
-

Училишниот прибор ќе поевтини до 15 проценти, Владата ќе носи одлука во вторник
-

Пораст на просечната плата за 6,4% годишно, пензиите од септември повисоки за 6 отсто
