Во центарот за обука Пепелиште почна „Летен кампус 2016"
Во центарот за обука Пепелиште денеска започна „Летен кампус 2016", традиционален летен камп на кој има претставници од 13 земји од три континенти или околу 296 питомци од армиите на земји-членки на НАТО и од партнерите на НАТО земјите.
Според министерот за одбрана Зоран Јолевски, кој присуствуваше не отворањето, овој летен кампус е одлична прилика питомците од Воената академија во Македонија да разменат искуства со нивните колеги од воените академии од другите земји членки на НАТО и партнери на НАТО.
- Ќе поминат тука две недели, ќе имаат доста вежби и заеднички активности, изјави Јолевски.
Во еден дел од програмата, за учесниците на кампусот се предвидени посети на културно историските знамености на Република Македонија.
- Ова е од особено значење, бидејќи нашите питомци уште од почетокот од нивната едукација се во контакт со нивни колеги. Тука се прават пријателства кои што ќе продолжат и понатаму во нивниот живот, бидејќи ова се фактички идните лидери на армиите на овие тринаесет земји, нагласи министерот за одбрана.
Потполковник доктор Андре Илиев, командант на кампусот, потсети дека вакви активности се организираат веќе 6-7 години.
- Кога ја почнавме активноста во 2010 година, бев капетан. Можам со искрено срце да кажам дека оваа активност веќе прерасна во силна меѓународна активност во која во овој момент учествуваат 13 земји со преку 300 претставници. Ми претставува особена чест затоа што ние како Армија на Република Македонија, пред се како држава, успеавме во ова и тоа не само на регионално, туку и на меѓународно ниво, во светски рамки. Застанавме рамо до рамо со НАТО и европските земји. Можам слободно да кажам дека нашата Армија одамна ги исполнува условите за да учествува во НАТО и во Европската Унија, нагласи Илиев.
Професор доктор Кирил Цацков од Универзитетот "Гоце Делчев" од Штип, истакна дека локацијата не е случајно одбрана токму овде, бидејќи Центарот за обука во Пепелиште е еден од најдобрите во Европа, особено неговата околина и место, какви што може само да се посакаат за ваков вид на обука и пракса.
Ново на Сител
-
ЕУ одобри шест милијарди евра за Балканот, Рама: Историски момент, кој внесува нов импулс во процесот на проширување
-
Девизните резерви во април зголемени за 41,9 милиони евра
-
Анонимна пријава за случаи со поткуп од политичка партија во Кичево
-
Во Делчево денеска гласаат 222 болни и изнемоштени лица за претседателските и парламентарните избори
-
Советот на ЕУ го усвои првиот закон за борба против насилство врз жените
-
И во Шпанија студентите подготвуваат протести против Израел
-
Претреси во Охрид поради фотографирање избирачки список и гласачки ливчиња
-
Турција: Офанзивата во Рафа е уште едно воено злосторство на Израел