Во британскиот Парламент пронајден сомнителен пакет
Лондонската полиција денеска при проверка на зградата на британскиот Парламент, пронајде сомнителен пакет што содржел бел прав, за кој е утврдено дека не е опасен.
Полицијата ја болкираше канцеларијата во зградата на Парламентот до кој бил испратен пакетот, додека останатиот дел од објектот функционира нормално.
Претходно денеска Прес-службата на Долниот дом на британскиот Парламент информима дека лондонската полиција врши проверка на зградата во Вестминстер, без да соопшти повеќе детали нагласувајќи дека за сите дополнителни информации за случајот објаснување ќе даде Метрополитен полицијата.
Британските медиуми, повикувајќи се на полициски извори, јавија дека проверката се врши поради сомнителен пакет откриен во зградата на Парламентот.
Во текот на проверката, реонот околу Парламентот во Лондон не беше затворен за сообраќај и движење.
Ново на Сител
-
Парламентарна кампања
-
Истече рокот за приговор до ДИК
-
Претседателска кампања 2024
-
Тема на денот со Максим Димитриевски, претседател на ЗНАМ
-
Течат последните часови од рокот за приговор - ДИК ќе чека до 19 часот
-
И Мицкоски и Ковачевски во поход за поддршка од помалите партии
-
Изборна кампања
-
Ценовен шок за возачите: Поскапе осигурувањето за регистрација на возилата