Во битолската Зоолошка градина пцовиса нилскиот коњ Берта

Јавната општинска установа Зоолошка градина Битола информира дека пцовиса нилскиот коњ Берта, роден пред 40 години во Зоолошката градина во Виена.
Од ЈОУ Зоолошка градина посочија дека нилскиот коњ Берта во своето современо живеалиште во Битола на увид на јавноста беше десет години, а претходно бил згрижен во зоолошките градини во Скопје и Белград.
- Нилскиот коњ Берта има свои потомци во зоолошките градини во Виена, Белград и Скопје. И покрај длабоката старост, Берта беше со солидно здравје, а во последниот период добиваше континуирана нега и терапија од нашиот ветеринар, но природниот крај за овој животински вид на оваа возраст беше неизбежен - информираа од ЈОУ Зоолошка градина Битола.
Во Зоолошката градина Битола има современо живеалиште за нилски коњ и токму затоа менаџментот на таа општинска установа почнува со обезбедување нов жител, а во текот на годината ќе реализира и други планови, односно изградба на ново живеалиште за копитари, изградба на живеалиште за фламинго, изградба на терариум и други инвестиции.
МИА
Ново на Сител
-

Ја граделе сo „пурпена“ која чинела 5 евра, наместо со панели кои не горат 40 минути и чинат 17 евра: Екс обвинителката Кадриу, за пожарот во модуларната во Тетово
-

Девет хотели во Охрид почнуваат со примарна селекција на комуналниот отпад
-

Српски медиуми: Даниел Кајмакоски киднапиран во Белград
-

Македонските тенисери пред тежок испит, Кипар има предност од 2:0
-

Трамп за 19 февруари го планира првиот состанок на Одборот за мир
-

Најмногу дожд во Маврови Анови, најстудено на Попова Шапка и Берово
-

„Вашингтон пост“ го објави повлекувањето на извршниот директор
-

Мицкоски ќе се сретне со репрезентативните синдикати од областа на администрацијата
