Во Берово утрово - 1 степен, максималната дневна и до 23

Во Берово минималната утринска температура изнесувала -1, во Струмица 2, Тетово и Демир Капија 3, Скопје–Петровец, Крива Паланка, Битола и Гевгелија Прилеп, Штип, Велес, Кавадарци, Маврови Анови и Лазарополе 5. Шест степени во Скопје–Зајчев Рид и Куманово, 7 во Охрид, Претор и Попова Шапка, 8 во Виница и Крушево.
Изутринава по одделни котлини има појава на магла. Во текот на денот времето ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец.
Максималната температура ќе биде во интервал од 18 до 23 степени. Во Скопје, наутро во делови од котлината со појава на слаба магла. Во текот на денот времето ќе биде претежно сончево. Ќе дува слаб ветер од југоисточен правец.
Максималната температура ќе достигне до 21 степен.
МИА
Ново на Сител
-

Продолжуваат тензиите на Блискиот Исток: Каква е безбедносната закана за Македонија?
-

Започна судењето на 75 годишниот Денис Асанов, обвинет за свирепо убиство во Штип
-

Поттикнат од бугарски државјанин, скопјанец ширел омраза на ФБ кон македонската држава
-

Тема на денот со Горан Марковиќ, извршен директор на Македонски Телеком
-

Во Министерството за политички систем се земало плата, а не се одело на работа
-

Политички препукувања за трагедијата во Карпош, други двајца повикани во станица дека ги нападнале сопругите
-

Меџити: Вреди ќе стане партија за 2 недели
-

Владин авион утре ќе евакуира 6 лица од Египет – досега 632 Македонци побарале евакуација
