Во Берово -11, на Шапка 14 сантиметри снег
Утрово е најстудено во Берово, -11 степени, а максимални нула се измерени во Дојран.
Според УХМР, -10 е во Лазарополе, -9 во Маврово, -8 во Скопје (Петровец), Крива Паланка и Крушево, -7 во Штип, Битола, Прилеп, Претор и Демир Капија, -6 во Скопје (Зајчев Рид), Тетово, Охрид, Струмица и Дебар, -5 во Куманово и Виница, како и -4 степени во Гевгелија.
Висината на снежната покривка до седум часот била 14 сантиметри на Попова Шапка, девет во Крушево и псум во Маврови Анови.
Времето претпладне ќе биде сончево со мала облачност. Попладне облачноста ќе се зголеми и почнувајќи од запад ќе има врнежи од снег, кои во текот на ноќта ќе се прошират насекаде низ земјава. Ќе дува умерен северен ветер. Максималната температура ќе биде во интервал од три до девет степени.
Во Скопје претпладне сончево со мала до умерена облачност, попладне облачно, а кон крајот на денот и во текот на ноќта со повремени врнежи од снег. Ќе дува умерен северозападен ветер. Максималната температура ќе достигне околу пет степени.
Утре ќе биде облачно со врнежи од снег, особено претпладне, а пообилни врнежи ќе има во западните и јужните делови од земјава. До крајот на денот насекаде ќе се формира нова снежна покривка, на западот и југот околу 10 см, на планините и над 20 см, а најмала во североисточните делови (околу 5 см или помала). Поради засилениот северен ветер утре можна е појава на снежни наноси.
Во наредните денови ќе биде променливо облачно и студено со многу ниски утрински температури и со слаби локални врнежи од снег. Најсончево ќе биде во сабота. Поради ниските температури ќе има појава на голомразица.
Ново на Сител
-

Тема на денот со Емил Георгиев, пилот на владиниот лирџет
-

Стојанче два пати ја тепал Ивана на денот на самоубиството, ОЈО Скопје објави детали
-

Техеран им се извини на соседите
-

Наместо сеопфатен интегриран систем за поддршка од семејно насилство, жртвите добиваат бирократија
-

Адвокатот на „ОМО Илинден“ Менкиновски, доби црн печат за влез во Бугарија
-

Ќе се градат две катни гаражи на Клинички, цените за паркирање ќе останат исти
-

Мицкоски уверува: Ќе интервенираме ако има драстичен скок на цената на нафтата
-

Почна изградбата на кампусот на Универзитетот „Мајка Тереза“ вреден 42 милиони евра

