Во Белград пристигна првиот товарен воз од Кина
![]()
Товарен воз на Кинеските железници со опрема за изградба на брзата пруга во Србија, пристигна денес од Кина во Белград, а го пречекаа српскиот претседател Александар Вучиќ и кинескиот заменик министер за трговија Чен Кеминг.
Ова е првиот товарен воз од Кина до Србија.
Во 90-тите години на минатиот век, од Кина во Белград спорадично пристигнуваше само по еден вагон, преку Турција, како дел од возовите чија крајна дестинација беше во други земји на централна Европа, како Унгарија, Полска и Австрија.
Железничкиот сообраќај само е еден од централните видови на сообраќај на кинеската глобална економска иницијатива „Еден појас, еден пат”, а брзата железница од Белград до Будимпешта е составен дел на проектот.
Фреквенцијата на линијата ќе зависи од интересот на кинеските компании кои работат на српскиот пазар, како и на српските компании кои соработуваат со Кина, соопшти претходно Министерството за градежништво, транспорт и инфраструктура.
Ново на Сител
-

Тема на денот со Петар Арсовски, политички аналитичар
-

Предвремени избори во Брвеница
-

Предвремени избори во Брвеница
-

Протести во Тирана, албанскиот премиер обвинува за странско влијание
-

Радуков се сомнева во македонските власти
-

Се укинуваат 33 учебници за основно, експертите сметаат дека е потребна сериозна промена и кај кадарот
-

Секој ден е важен, побрза дијагноза за ракот на дојка во Штип
-

Ќе се заштитува Студенчишкото блато
