-->
-->
Во американски напад во Ирак загинаа 30 ирачки војници
-->
Повеќе од 30 ирачки војници загинаа, а 20 се повредени во воздушен напад што го изврши американската авијација, изјави претседателот на Комитетот за безбедност и одбрана на ирачкиот Парламент, Хаким ал Замили.
Нападот случи во градот Ал Наимија во провинцијата Фалуџа, при што загинаа 30 војници од 55. бригада на ирачката војска,
- Бројот на жртвите најверојатно ќе се зголеми бидејќи голем број од ирачките војници се тешко повредени во нападот, посочи Ал Замили.
Тој го повика ирачкиот премиер Хајдер ал Абади „да покрене итна истрага за нападот врз 55. бригада која претходно имаше успеси во борбата против џихадистите од Исламска држава“.
- Ирак поради овој американски напад официјално ќе се обрати до суд, посочи Ал Замили.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
„Марш на ангелите“ во Кочани
-
Тема на денот со Конрад Блејер Симон, експерт за странско мешање и манипулирање со информации
-
Ескалираат тензиите на Блискиот Исток
-
Кризен штаб поради Блискиот Исток
-
Мицкоски не сака да ја коментира истрагата за Кочани - СДСМ ќе добие одговор на изборите
-
До средината на јули ќе се комплетира листата за кандидати за градоначалници од редовите на ВМРО-ДПМНЕ
-
Мицкоски: Има предлог термин за средба, да почекаме да се изјасни бугарската страна
-
Мицкоски: Во вториот квартал би требало да имаме извонредно висок раст на БДП