Во Албанија 14 жртви и 873 новозаразени од Ковид-19
И во последното деноноќие има високи бројки на новозаразени и починати од Ковид – 19 во Албанија, информираше Министертвото за здравство и социјална заштита, упатувајќи апел до граѓаните да се избегнува било какво собирање.
-Во изминатите 24 часа тестирани се 2.714 сомнителни случаи, а опасниот врус е дијагностициран кај 873 лица, што е над 32 отсто од тестираните. Главно жариште и натаму е Тирана, со 364 од новозаразените, но се поголем е бројот на заразените во Фиер,о каде се 100 од новозаразените, стои во соопштението на Министерството.
Во исто време како последица од вирусот умреле 14 пациенти (965 до сега), додека во списокот на оздравени се впишани 537 односно 23.609 од вкупно заразените 46.061 лице.
По неколкуденевен престој во САД, со цел постигнување договор за обезбедување анти – ковид вакцина, премиерот Еди Рама се врати во Тирана.
Претходно тој на Фејсбук објави фотографија со генералниот директор на компанијата „Фајзер“ која ја произведе првата вакцина за коронавирус со 95 отсто ефикасност.
„Позитивната средба со шефот на Фајзер, Алберт Боурла, во седиштето на компанијата за производство на вакцини во Њујорк, со која ги заокруживме нашите комуникации во рамки на оваа посета за обезбедување на вакцината за Албанија – извонреден предизвик пред вртоглавото глобално барање“, напиша Рама.
Додава дека ќе се разговара и со Модерна и Астра Зенека.
Ново на Сител
-

Притвор за 65-годишен раководител на образовен центар во Штип, допирал по телото малолетни ученички
-

Савевски: Предметот за мазутот не е рефиниран
-

Путин најави распоредување на „најмоќната ракета во светот“ до крајот на годината
-

Неизвесно е дали хантавирусот на крузерот мутирал
-

Силно невреме го зафати регионот: Град во Србија, хаос во Загреб и прекин на сообраќајот во БиХ
-

Стефан Мелник освои сребрен медал на Светското првенство за слабовиди и слепи шахисти
-

ОЈО ГОКК ја затвори истрагата за снабдувањето со мазут за ТЕЦ Неготино, нема основано сомнение за кривични дела во предметот
-

Почнува јубилејниот 70. Евросонг
