Во акција за пошумување во Делчево засадени 200 садници

Во Делчево утрово беше спроведена акција за пошумување со млади садници. Јавори, јасени, липи и чемпреси беа засадени во урбаниот дел од градот по однапред направен распоред од одговорните лица во Општина Делчево. Во акцијата „За почист воздух“ се вклучија општинската администрација, советниците, училиштата, претставници од институциите, граѓанскиот сектор и граѓани.
Во акцијата свој придонес даде и делчевскиот градоначалник Горан Трајковски, кој најави вакви акции и во иднина.
– Грижата за здрава и чиста животна средина е приоритет за нас, но тоа е исто така и наша обврска, моја како градоначалник на Општина Делчево, обврска на општинската администрација и сите институции. Денеска засадуваме садници во централното градско подрачје, се со цел да ги зголемиме зелените површини кои се бели дробови за сите нас. Од садниците имаме 200 садници од јавор, јасен, чемпрес и липа и во оваа прилика најавувам дека и понатаму ќе спроведуваме вакви акции во централното градско подрачје, рече Трајковски.
Активни учесници во акцијата беа и претставници од Здружението на пензионери, кои велат дека вакви акции се од голема корист за сите нас и се надеваат дека се почесто ќе се одвиваат во Делчево.
Садниците кои беа обезбедени од ЈП „Македонски шуми“-ПШС „Малешево“ се засадуваа во делот од мостот на река Габровчица, паркот кај езерцата до градскиот стадион, додека останатите беа засадени по школските дворови и по должината на булеварот.
Акцијата се спроведува паралено со кампањата против загадување на воздухот, а во акцијата со свои активности за подготовка на теренот се вклучија и ЈКП „Брегалница“ и ЈП „Национални шуми“- ПШС „Голак“ Делчево.
Ново на Сител
-

Саем за туризам во Крушево - Адреналински парк, спа центри, мали локални винарии, разни специјалитети
-

Тема на денот со Бујар Османи, потпретседател на ДУИ
-

Ново поскапување на горивата од понеделник, Собранието ќе гласа за продолжување на кризната состојба
-

Нови субвенции за жителите на Карбинци
-

Одлична атмосфера на првиот ден од Пиво фест во Прилеп, вкусна скара, ладно пиво и музика за сите вкусови
-

Кој ќе одговара за здравствената криза во Гостивар?
-

Мицкоски за извештајот за владеење на правото: Ќе критикувам додека не видам резултати
-

Aвтопатот Охрид - Кичево готов најдоцна следната година
