Внимателно во сообраќајот, магла и одрони по патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива по претежно суви коловози, освен на осојничавите места каде коловозите се наместа влажни.
Виадукт Трејд известува дека денес и утре(19.02.2019 и 20.02.2019) ќе се изведуваат градежни активности на регионален пат Р1102, делница Велес – Градско. Сообраќајот ќе се одвива наизменично во двата правци.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде се бележи појава на утринска магла, а исто така зголемена е и можноста од појава на одрони.
Потсетување за возачите, дека законската обврска за задолжително поседување на зимската опрема во возилата, без оглед на моменталната временска состојба, трае до 15 март.