ВМРО-ДПМНЕ: Зоран Заев го претвори Собранието во пазар

Стравот на Зоран Заев од соочување со македонскиот народ е голем и затоа по секоја цена бега од избори.
Откако беа договорени изборите Заев покажува дека е способен да ги направи и најниските работи, само за да не одговара пред законите и граѓаните на Република Македонија.
Зоран Заев го претвори Собранието во пазар каде тргува со секој глас преку разни притисоци, изнуди и закани се со цел да донесе закон кој ќе го амнестира за сите криминали во кои е заплеткан.
Заев е свесен дека на сите им е јасно дека тој е главата на криминално рекетарскиот октопод и токму затоа му се брза за Законот за јавно обвинителство во кој го гледа единствениот спас за сопствениот криминал.
Снимката која беше објавена во јавноста покажа дека Заев лично во повеќе наврати ја помагал телевизијата на Бојан Јовановски кој рекетираше бизнисмени ветувајќи им слобода во замена за пари.
Повеќе од очигледна е спрегата на Заев со осомничените во „Рекет“ Бојан Јовановски и Катица Јанева и токму тоа е причината поради која тој ги забранува со закон само снимките во кои се слуша како ги помага и како тие зборуваат дека е зборено со него и тој за се знае.
Законот за Јавно обвинителство кој СДСМ го носи не е добар ниту за државата ниту за граѓаните туку единствено за Зоран Заев и криминалната рекетарска банда околу него.
Затоа избори мора да има бидејќи Република Македонија и граѓаните не смеат повеќе да бидат заложници на криминалот на Зоран Заев и неговата желба за лично богатење.
Заев и СДСМ се виновни за сите порази, погазено достоинство и криминални кои ја зацрнија Македонија изминативе три години.
Заев и СДСМ мора да се соочат со граѓаните на 12 април кога ќе бидат испратени на темната страна во политичката историја, а тогаш доаѓа обнова на Македонија и одговорност.
Заев и СДСМ никогаш повеќе!
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ
Ново на Сител
-

Сиљановска Давкова: Техничката влада е препартиска и нема уставен основ, сега не треба да има предвремени избори
-

Мисајловски: Сè поголем интерес за професионални војници, годинава конкурс за уште 300
-

Зеленски: Украински функционери се на пат кон САД за да ги разјаснат условите за постигнување мир
-

Стармер не сака разговори со Путин како што предложија Макрон и Мелони
-

Поранешната најголема санта лед во светот видена од вселената како се распаѓа
-

Трамп може да ги казни со царини земјите кои се противат на неговите планови за Гренланд
-

ДСЗИ: Причината за смрт на доенчето починато во Кавадарци ќе биде наведена во извештајот по завршување на обдукцијата
-

МВР: Од 20 до 31 јануари тестирање на камерите за сообраќаен надзор во рамки на „Безбеден град“
