ВМРО-ДПМНЕ: Заев веднаш да го стопира пописот така ќе стопира смрт на 2400 луѓе поради Ковид-19
Зоран Заев и СДСМ се коцкаат со здравјето и животите на граѓаните. Среде епидемија инсистираат на попис од проста причина што тоа за нив не е само статистичка, туку политичка операција. Заради политичкиот пазар на Заев среде нов бран со илјадници ново заболени и десетици починати на ден тие ќе испраќаат 5.500 попишувачи од дом во дом и на тој начин ризикуваат да настане експлозија на заразата.
Македонија поради нивната неспособност и неодговорност веќе пати. Овие 5500 попишувачи ќе го пренесат вирусот на 49.500 лица. И во Македонија смртноста е меѓу највисоките или е 4,9 проценти, што значи дека попис во април ќе значи 2400 мртви од корона и ќе значи колапс на здравствениот систем затоа што педесттина илјади луѓе ќе заболат
Заев веднаш да го стопира пописот така ќе стопира смрт на 2400 луѓе поради ковид
Во последните пет земји во светот сме по вакцинација според Блумберг, а во првите три по смртност според Економист. Не успеаа да набават вакцини за имунизација ниту на здравствените работници, а не пак да обезбедат масовна имунизација. Сега, згора на тоа ќе изложуваат на ризик луѓе кои што ќе попишуваат и ќе бидат попишувани само за да го исполнат политичкиот хир и инает на Заев.
Комисијата за заразни болести очигледно е нем послушник на Заев, бидејќи на ваква епидемиолошка слика молчи. Земји кои далеку подобро се справуваат со кризата и кои имаат напредна фаза на имунизација ги одложија планираните пописи, само власта на Заев ќе сее хаос и зарази.Тоа што Заев го нарекува попис во пандемија е потенцијално ширење на смрт
Ново на Сител
-

Димитриеска-Кочоска: Продолжува мерката за намалено ДДВ за дизелот и акцизата до 2 ноември 2026 година
-

По децении запуштеност, конечно ќе се реконструира спортската сала „Македонија“ во Прилеп
-

Маж следел, па потоа допирал по телото 22-годишна девојка во Карпош
-

17-годишник со нож повредил 15-годишник на Бит Пазар
-

Тешко повредено шестгодишно дете кое се возело како сопатник на тротинет откако во нив удрил автомобил
-

Франција ги продолжи полициските часови за да ги смири немирите и грабежите
-

Ученик претепан на голем одмор пред среднo училиште во Скопје, еден од напаѓачите извадил пиштол
-

Одложено испитувањето на сведоците во случајот „Лотарија“, за доказите одбраната ќе се произнесе на 30 октомври
