ВМРО-ДПМНЕ: Заев не може да обезбеди иднина во СДСМ, а не пак на сите граѓани, неговото во политиката завршува
Заев не може да обезбеди иднина во СДСМ, а не пак на сите граѓани, неговото во политиката завршува како што и почна со предавство и понижувања донесени на целиот народ.
Потребата да пишува дека е Македонец кај Заев се јавува зошто продава се друго.
Попусто се пишува Македонец ако тоа не е признаено од соседите и ако продава јазик, историја, идентитет.
Четири години Заев е власт и четири години немаме мрднато на полето на евроинтеграциите.
Четири години е власт и Заев нема идентитетско обележје кое не го има донесе под прашање.
Сега оваа битка на Заев е да ја сочува фотелјата во СДСМ. Внатрешните проблеми сака да ги прикаже како проблеми на државата.
Изворот на сите проблеми е Зоран Заев.
Премиерот во заминување Заев и неговата квислиншка влада мора да паднат за да Македонија почне да победува.
Нема друг премиер во светот кој молчи на навредите од официјални лица од други земји како што тоа го прави Зоран Заев. А, молчи зошто квинслингот Заев има путер на главата. Затоа што игра нечесно и се коцка со светите работи на народот. Доста е, Заев мора да си оди за да дојде слобода за народот.
Ново на Сител
-
Во Пустец откриена спомен-биста на Гоце Делчев
-
Во црквата „Св. Спас“ одбележани 121 година од смртта на Гоце Делчев
-
Тешка сообраќајка во Прилеп: Се судриле камион и мопед, возачот на камионот избегал
-
Нова авиолинија Скопје-Рига-Скопје
-
Кривична пријава против две лица, расчистени 4 кривични дела, одреден притвор
-
За изборите на 8 мај акредитирани 1078 домашни и 770 странски набљудувачи
-
Киднапиран, избоден и претепан скопјанец – Еден од напаѓачите негов колега
-
ЦУК: Пронајден е изгубен планинар на Плачковица