ВМРО-ДПМНЕ: Заев ќе одговара за велепредавство
Вчера квинслингот Заев кажа дека ќе ги менува учебниците по историја од 2021 година, што значи дека ќе имаме учебници по бугарски терк.
Премиерот во заминување Заев менувајќи ја историјата го менува идентитетот на Македонците. Со тоа Заеви и официјално започна да си го спроведува кажаното во срамното интервју каде се откажува од се што е македонско и прави ретуширање на историјата.
Велепредавникот Заев да каже дали го продаде АСНОМ, прифати ли дека бугарската окупација за време на Втората светска војна била администрација, го продаде ли Илинден, Гоце Делчев?
Сега е момент сите граѓани да се освестат и да одлучат дали ќе се спротиставиме на ова и ќе го заштитиме македонскиот идентитет или ќе сме соучесници во бришењето на македонската историја, сегашност и иднина.
Заев со тоа што прифатил промена на учебниците согласно бугарските барања и отказување од народните херои ќе одговара за велепредавство.
Ново на Сител
-
Тема на денот со отец Горан Стојчевски
-
Верниците го слават Велигден, црквата со порака за национално обединување и надминување на разногласијата
-
Со биење на камбаните најавено Христовото воскресение во Охрид
-
Вообичаен број интервенции на скопската Брза помош за продолжениот празничен викенд
-
Ден на македонскиот јазик
-
Групацијата за осигурување во вторник носи одлука дали ќе ги врати парите за полисите на граѓаните кои платија поскапо
-
Политичарите испратија пораки за мир и спокој на Велигден
-
Парламентарни избори 2024