ВМРО-ДПМНЕ воведува прв дигитален процес на зачленување

Заедно за иднина – Приклучи се! Со оваа порака ВМРО-ДПМНЕ од 1 септември започнува голема кампања за ажурирање на постојното членство и за отворање на партијата за нови членови. Во следниве три месеци, до 30 ноември, сакаме да направиме уште еден голем чекор во развојот на ВМРО-ДПМНЕ, да изградиме посовремена, поорганизирана и уште посилна политичка организација, подготвена за иднината, стои во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ од прес-конференцијата на Драган Ковачки.
ВМРО-ДПМНЕ има повеќедецениска историја, силна организација и огромно членство. Нашата сила се луѓето.
Луѓето кои со децении се дел од ВМРО-ДПМНЕ. Луѓето кои верувале кога било тешко, кои работеле, се бореле и придонесувале. Но и новите генерации кои денес имаат знаење, идеи, енергија и желба да бидат дел од создавањето на иднината на Македонија.
Затоа нашата порака е едноставна: Обнови го членството. Биди активен и биди дел од иднината.
Од 1 септември до 30 ноември секој постоечки член, ќе може да ги потврди или ажурира своите податоци.
Истовремено, ги отвораме вратите на ВМРО-ДПМНЕ за секој граѓанин кој ја прифаќа нашата програма и сака да ни се приклучи.
Без препорака. Без некој да мора да ве воведе. Ако имаш идеја – има место за тебе. Ако имаш знаење – има место за тебе. Ако имаш енергија и сакаш да придонесеш – има место за тебе.
Твоето место е со нас. ВМРО-ДПМНЕ е отворено за нови знаења, нови вештини и нова енергија. Сакаме да го зачуваме тоа што сме го изградиле и сакаме да го надградиме.
И затоа правиме уште еден важен исчекор. За првпат во Македонија, една политичка партија воведува целосно дигитален процес на зачленување и ажурирање на членството.
Нашата партиска ИТ комисија изработи веб-апликација која веќе е ставена во функција во општинските комитети, а мобилната верзија е доставена до Google и до Apple и после нејзиното одобрување ќе биде достапна и на мобилните телефони, за што доплонително ќе ја известиме јавноста.
Тоа значи пријавата, верификацијата, прифаќањето на Статутот и потврдата за членството ќе можат да се завршат дигитално, од телефон, за само неколку минути.
Тоа е ВМРО-ДПМНЕ кое се менува со времето, кое ги користи новите технологии и кое гради модерна организација за новите генерации. Но никого не оставаме зад себе.
Дигитализацијата е дополнителна можност, а не замена за досегашниот начин. Секој што сака лично да го ажурира своето членство или да се зачлени ќе може тоа да го направи во општинските комитети.
Од 1 септември до 30 ноември, секој ден од 17:00 до 20:00 часот, нашите општински комитети ќе бидат отворени за членовите и за сите граѓани кои сакаат да ни се приклучат.
Личните податоци, како и досега, ќе се обработуваат согласно Законот за заштита на личните податоци.
Во ВМРО-ДПМНЕ ги поврзуваме искуството и традицијата со новата енергија. Ги обединуваме луѓето кои со децении се дел од ВМРО-ДПМНЕ со оние кои денес за првпат сакаат активно да придонесат.
Затоа ги повикувам нашите членови: ажурирајте го своето членство. А до сите оние кои досега не биле дел од ВМРО-ДПМНЕ, а веруваат дека можат да придонесат за посилна и поуспешна Македонија, нашата порака е:
Твоето место е со нас. Заедно сме посилни. Заедно одиме напред. Заедно за иднина – Приклучи се!
За ВМРО-ДПМНЕ. За Македонија.
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ
Ново на Сител
-

Ѓорѓиевски: Скопје никогаш не било поубаво, центар на светот, забавата и дружењето
-

Во изминатото деноноќие уапсени девет лица за „безобѕирно управување со возило“
-

Мицкоски: Пензиите се 16 пати поголеми од времето на СДСМ, денес се живее подобро
-

Татко и неговиот 18-годишен син загинаа во тешка сообраќајка кај Миладиновци
-

Мицкоски: Растот на туризмот е индикатор дека политиките што ги водиме даваат резултат
-

Трамп во Даблин: Би сакал да видам обединета Ирска
-

Србија/Избори: Партиите се изјаснуваат дали ќе учествуваат на изборите или ќе ја поддржат Студентската листа
-

Мицкоски: „Фич“ го потврди кредитниот рејтинг, паднаа во вода лагите од опозицијата
