ВМРО-ДПМНЕ: Власта со однапред договорени бројки фингира попис

Пописот кој власта на сила го турка среде пандемија нема за цел да биде статистичка операција, туку фингиран попис кој ќе биде резултат на политички пазарења на СДСМ и ДУИ.
Во ниту една демократска земја не постои попишување без докази, само со диктирање на матични броеви и два врзани потписи, но тоа ќе го има во Македонија затоа што Зоран Заев има таков договор со ДУИ за бројка на одредени етнички заедници која однапред е договорена.
Токму затоа и власта ги одби сите амандмани кои имаа за цел да се спречи пописниот фалсификат на власта, а токму затоа и не сакаат попис со отисок од прст, затоа што само така може да се знае реалната статистика која на СДСМ и ДУИ не им влегува во пазарот.
Од ваквото силување на пописот, нема да имаат корист ниту државата ниту граѓаните туку само двете партии на власт. Затоа и се уште не ја објавуваат методологијата за пописот бидејќи се зафатени со креирање на лажни бројки и лажна слика за населението во Македонија.
Нормален попис треба да ги даде реалните бројки според кои ќе се крои секоја државна стратегија, но за жал Македонија ги има СДСМ и ДУИ кои не ги интересира државата, туку ги интересираат сопствените бизнис интереси.
ВМРО-ДПМНЕ бара повлекување на овој закон и носење нов со консензус кој ќе биде од корист на Република Македонија и граѓаните, а не на одредени политички партии, конкретно парламентарното мнозинство.
Доколку го изгласа на сила СДСМ, ние ќе собираме потписи од граѓаните за да го поништиме овој закон и да донесеме сите заедно нов закон.
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ
Ново на Сител
-

Трамп наредил напади врз Внецуела
-

Димовски: Уставните измени се последната отстапка што Македонија може да ја направи, но само ако добие гаранција од ЕУ
-

Експлозии во Каракас, забележани и авиони во низок лет - Мадуро прогласи вонредна состојба
-

Најстудено во Струмица, најмногу дожд во Лазарополе
-

Четири лица загинаа во хеликоптерска несреќа во Аризона
-

Идентификувани 113 повредени во пожарот во Кран-Монтана, меѓу нив и од Србија и БиХ
-

Променливо облачно со локални врнежи од дожд и снег на планините
-

Три сообраќајки на автопатот Тетово – Гостивар
