ВМРО-ДПМНЕ: Власта преку ЕЛЕМ и МЕПСО троши 65 милиони евра

Власта троши преку ЕЛЕМ и МЕПСО 65 милиони евра, да работеше на време, ќе поминевме 4 пати поевтино.
Во изминативе неколку дена за набавка на струја се потрошени 9 милиони евра, мегават час е плаќан по цена и до 250 евра. Тоа е 4 до 5 пати поскапо отколку што би се потрошило доколку таа струја беше произведена во домашните капацитети.
Новите 65 милиони евра кои државата им ги отстапи на енергетските претпријатија се пари од кои дел како што и самите кажаа ќе се трошат на купување на скапа струја. Струјата која сега ќе ја купат да инвестираа на време во енергетските капацитети на државата ќе не чинеше и до 4 до 5 пати поевтино.
Оваа власт свесно ја донесе државата до состојба на енергетска криза. Оваа власт не може да ја извади земјата од хаосот во кој ја втурна. Потребни се промени. Брзи избори, и нова влада потоа.
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ
Ново на Сител
-

ВМРО-ДПМНЕ: Освоивме 50 мандати повеќе од СДСМ
-

Камбовски: Оптимист сум за новиот Закон за Судски совет
-

СДСМ: 16 милиони евра од тендери
-

Охридскиот Црвен крст помага на повеќе од 600 семејства
-

Карневалските свечености во Струмица годинава ќе започнат на 18 и ќе траат до 25 февруари
-

Преглед на вестите од светот
-

ДУИ победи во Гостивар и Врапчиште, ВМРО-ДПМНЕ во Маврово Ростуше и ДПТМ во Центар Жупа
-

Тема на денот со Сефер Селими, политички аналитичар
