ВМРО-ДПМНЕ: Владата го урниса здравствениот систем
СДСМ се што вети за подобрување на здравствениот систем излажа.
Владата на СДСМ единствено успеа за три години да го урниса здравствениот систем.
Наместо реформи успеа само да воведе хаос во здравството, низа скандали, и потпишување на матни и криминални тендери.
Дека во здравствениот систем царува криминал сведочи и кривичната пријава против Дончев, Филипче и Кичеец кои што се обвинуваат дека тие спречуваат продажба на македонска приватна компанија, со цел да рекетираат.
Граѓаните на Република Македонија не заслужуваат ваков здравствен систем. Граѓаните заслужуваат модерно и пред се ефикасно здравство.
Поради неспособноста да обезбедат ефикасно здравство, граѓаните ќе ги казнат на предвремени парламентарни избори, и ќе започне обнова на Македонија.
Ново на Сител
-
Се гласа за Српската влада
-
Тема на денот со Иван Пешевски, ССМ
-
Масовен протест за 1 Мај: Синдикатите побараа 450 евра минимална плата од новата влада
-
Работниците креваат глас
-
Првомајската традиција продолжува
-
Охрид полн со туристи за 1 Мај
-
Експерти: Екстрадицијата на Палевски треба да се прави во најголема тајност
-
Студен туш за барањата на Максим Димитриевски - за него пак, ароганцијата на СДСМ е ненадминлива