ВМРО-ДПМНЕ: Талевски е жртва на политичкиот прогон на Зоран Заев и Катица Јанева
Одлуката за притвор на градоначалникот на Битола Владимир Талески е резултат на притисокот на СДСМ врз судиите, бидејќи тука не станува збор за правда базирана на какви било докази, туку за класичен политички линч, изјави денеска Ивица Коневски од ВМРО-ДПМНЕ.
Според него, Зоран Заев, кој е аболициран за криминал тежок 8 милиони евра, нарачува политички прогон на градоначалници и функциoнери на ВМРО-ДПМНЕ, а Катица Јанева постојано ги следи неговите наредби и мора да биде негов послушник за да ја оправда платата од 3.000 евра.
- Катица Јанева и судиите кои подлегнаа на притисокот од страна на СДСМ се должни да и објаснат на јавноста како е можно да се бара и да се изрече мерка куќен притвор за градоначалникот Владимир Талевски, а да нема таква мерка за градоначалникот на Струмица кој целата јавност го виде како бара поткуп од едно евро за него и едно евро за Вицето. Како е можно Владимир Талевски, кој редовно се јавуваше на сите судски покани, да биде во куќен притвор, а Зоран Заев, кој јавно изјавуваше дека за него не постојат македонските судови и дека нема намера да се одзива на поканите, да биде на слобода? Како е можно Владимир Талевски, кој никогаш не сторил никакво кривично дело, да биде во притвор, а Зоран Заев, кој неколку пати го повторува криминалот и веќе еднаш е аболициран, да биде недопирлив за Катица Јанева и уценетите судии, праша Коневски.
Според него, Катица Јанева треба да се соочи со срамот и судот на јавноста и да ја каже вистината дека, вели, нема никаква вина кај Талевски, ниту некаква материјална штета за државата.
- Запазена е целосно законската тендерска процедура и избрана е најдобрата понуда. Дали Катица Јанева знае колкава е просечната цена по ученик во Куманово? Ако не знае, ние ќе и помогнеме. Медиумите веќе објавуваа дека просечната цена за превоз по ученик во Куманово е за 2,5 пати повисока отколку цената која што ја плаќа општина Битола. Ова е факт. Од овој факт бега и Зоран Заев и Катица Јанева, рече Коневски.
Според него, селективниот пристап на Катица Јанева е уште еден доказ дека тоа што го прави нема никаква допирна точка со правдата.
- Владимир Талевски е жртва на политичкиот прогон на Зоран Заев и Катица Јанева. Тој е симбол на нивните неуспешни и деструктивни политики преку кои се обидуваат подмолно да му нанесат штета на ВМРО-ДПМНЕ во пресрет на претстојните локални и парламентарни избори. Зоран Заев и Катица Јанева нема да успеат во тоа. Двајцата ќе бидат поразени и ќе се срамат за ваквото нивно делување, рече Ивица Коневски.
Ново на Сител
-
Рубио: Светот е побезбеден по американските напади врз Иран
-
На Богородица и Табановце од македонска страна се чека околу еден час
-
Скопјанец ја повредил својата четиригодишна ќерка, предложен притвор
-
Израел го отвори воздушниот простор по американските напади врз Иран
-
11 наши државјани чекаат евакуација од Тел Авив, летовите ќе бидат обновени во зависност од безбедносната ситуација
-
Нетанјаху го поздрави Трамп за „храбрите напади“ врз иранските нуклеарни постројки
-
Две лица во Куманово го нападнале таксистот кој ги превезувал и не му платиле
-
Арагчи утре во Москва ќе се сретне со Путин