ВМРО-ДПМНЕ: Со односот на владата на Ковачевски кон Бугарија, намерно се уриваат интересите на Македонија
Во владата на Ковачевски, како едвај да чекаат, да се создаде ситуација и простор, за што повеќе да се избрукаат пред светската јавност и да ги доурнисаат позициите и интересите на државата.
При посетата на Османи во Софија, додека министерот за надворешни работи на Бугарија, Милков, ја оцрнуваше Македонија и ги претстави Македонците како историски насилници, Османи само немо седеше, а со тоа и индиректно даде потврда за ставовите искажани од Милков. За да биде и штетата поголема, вчера во гостувањето на Османи на една бугарска национална телевизија, тој се понуди да ги советува Бугарите, како да се интегрирале во Македонија и да отвореле што повеќе клубови.
Од друга страна пак Ковачевски да не остане покус, го одбрани бугарскиот министер Милков, дека кога ја дал изјавата не мислел така, односно лошо сме го разбрале, а целата јавност убаво ги слушна и ги разбра зборовите на министерот.
Од ова може да се заклучи дека Ковачевски не го интересираат интересите на Република Македонија, туку само бизнисите и тендерите, а во последно време и притисоците и уцените, врз своите пратеници, за вештачки да ја одржува владата, спротивно на волјата на граѓаните.
Ново на Сител
-
„Марш на ангелите“ во Кочани
-
Тема на денот со Конрад Блејер Симон, експерт за странско мешање и манипулирање со информации
-
Ескалираат тензиите на Блискиот Исток
-
Кризен штаб поради Блискиот Исток
-
Мицкоски не сака да ја коментира истрагата за Кочани - СДСМ ќе добие одговор на изборите
-
До средината на јули ќе се комплетира листата за кандидати за градоначалници од редовите на ВМРО-ДПМНЕ
-
Мицкоски: Има предлог термин за средба, да почекаме да се изјасни бугарската страна
-
Мицкоски: Во вториот квартал би требало да имаме извонредно висок раст на БДП