ВМРО-ДПМНЕ: Што е за Заев предност тоа што во Македонија има 3607 починати од корона?
Зоран Заев вели во „предност“ биле граѓаните што во земјава немало се уште вакцина?!
Евентуално, само самиот ако си верува во ова, бидејќи никој друг не му верува.
Да беше така зарем ќе заминуваа на вакцинирање во соседството медиумски работници, еве најавени за викеднов се и медицински лица специјализанти, бизнисмени.
Што е за Заев „предност“ тоа што во Македонија има 3607 починати од корона?
Или можеби е предност што по бројка на вакцинирани граѓани сме на дно. Според „Блумберг“ вакцинирани се само 0,2 проценти!
Во меѓувреме во Израел се вакцинирани 54,5 проценти од населението, а во Србија процентот на вакцинирани се движи кон 20 проценти од населението.
Македонија со Заев на чело тоне. Тоа што Заев ја води владата се плаќа со човечки животи.
И сега на Филипче пак му текна да ја менува Комсијата за заразни болести, а нејзиниот претседател, Караџовски кој долго го немаше вика уште не било така страшно како во ноември?!
Зарем „предност“ е што има секој ден по неколку десеттина починати?
Македонија ќе биде во предност единствено кога Заев ќе замине од власт и ќе одговара!
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ
Ново на Сител
-

Тема на денот со Никола Србов, историчар
-

Мицкоски верува во решение преку дијалог со Бугарија - Филипче бара европска иднина
-

ВМРО-ДПМНЕ со 3,5 пати поголем рејтинг од СДСМ
-

Кризната состојба за горивата ќе продолжи до април, намалено ДДВ за дизелот до 20 октомври
-

30.000 вакцини против грип пристигнаа во земјата – имунизацијата за една недела
-

Скопското Кале ќе биде прогласено за културно наследство
-

Оризовите стрништа го палат алармот кај пожарникарите
-

Од 20 - 30 питачи од најмала возраст во Oхрид
