ВМРО-ДПМНЕ: Шилегов е најзаслужен за четиригодишната стагнација на Град Скопје
Петре Шилегов е човекот кој е најзаслужен за четиригодишната стагнација на Град Скопје.
Скопјани речиси четири години не посведочија на ниту еден нов капитален проект од страна на Петре Шилегов, а тој се расфрла со народни пари и продолжува со недомаќинското работење.
Додека жителите на Маџир Маало во централното подрачје на Скопје во 21 век немаат канализација, Шилегов троши 500 евра за клупа од тропско дрво, иако клупа за иста намена чини речиси три пати помалку. Секој кој домаќински работи би платил толку за три клупи, но за Шилегов и оваа цена е одлична, а зошто знае само тој.
Покрај оваа фамозна набавка на клупи, треба да се напомене дека беа набавени и чешми во висина од 1500 евра по парче, што најверојатно се најскапите чешми кои биле некаде поставени во регионот. Шилегов треба најпрво да знае дека во неколку општини граѓаните немаат вода за пиење поради нарушената и исцрпена водоводна мрежа, која тој очигледно нема намера да ја ревитализира.
Во соработка со неговиот колега Богдановиќ координирано направија масовна сеча на дрва и зеленило низ цело Скопје, а последен случај беше соголувањето на ул. Орце Николов каде што не остана ниту едно од постојните стари дрва, по кои беше препознатлива ул. Орце Николов.
Откако ја изманипулираа јавноста дека отстранувањето на дрвата било неопходно, Шилегов набавил садници во висина од 9,5 милиони денари, што укажува на расипничкото и недомаќинско менаџирање со парите на скопјани.
Изминатиот период беа спроведени анкети во однос на локалните избори, на кои скопјани јасно го искажаа своето мислење за Петре Шилегов, а тоа е дека над 69% не се согласуваат со неговите расипнички политики и лошото менаџирање.
Казната ќе стигне! Скопјани заслужуваат многу повеќе!
Ново на Сител
-
Монструмот откако ја убил малата Данка седнал да руча во летниковецот
-
Пронајдено бебе во контејнер во близина на Загреб
-
173 санкции за брзо возење
-
Силјановска Давкова ќе се сретне со со евроамбасадорот Гир и италијанскиот амбасадор Силвестри
-
ЦУК: Забрана за движење кај стрелиштето „Леково“, пожари во Кавадарци и Велес
-
Путин во посета на Кина на 16 и 17 мај
-
Синдикатот на просветни работници во Србија в четврток ја прекинува работата во сите училиштата поради загрозена безбедност
-
Герапетритис: Бараме усогласување со Договорот од Преспа, не е прашање на самоопределување, туку почитување на договореното