ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ синоним за матни финансирања на својата кампања

-Нервозата на СДСМ станува се поочигледна. Тие се обидуваат виновници да бараат во ВМРО-ДПМНЕ за сите внатрепартиски препукувања, безидејноста, а еве сега и за слабата наплата на чланарината. Оттука и произлегува жолчното соопштение на СДСМ полно со гнев и со невистини, реагира ВМРО-ДПМНЕ на соопштението на СДСМ.
Според нив СДСМ е политичкиот субјект кој е синоним за матни финасирања на својата кампања. Тие во последните неколку изборни циклуси се финасираа на крајно сомнителен и нелегален начин со кредити, и преку цесии ја заглавија А1 телевизија за милионски долг во време на кампањата.
- СДСМ е партијата која освен за нелегалното финсинсирање на кампањи, на јавноста треба да и даде одговори за вредноста на имотот кој го наследи од Сојузот на комунисти, а кој беше граден со пари на сите граѓани. СДСМ узурпира имот од 1669 квадратни метри во центар на Скопје, имаат близу 2700 квадрати парцела во центар на Скопје, имаат деловни простории од по 500, 400 квадратни метри во Битола, Ресен, Кавадарци и многу други градови, односно во сите поголеми места во државата, вреден милиони евра, кој ниту го заработиле, ниту го изградиле, туку едноставно го приграбиле од минатиот систем. Што се однесува до зградата на седиштето на ВМРО-ДПМНЕ повторно напоменуваме дека тој објект е изграден во целосно трансперентна и легална постапка и за тоа постојат документи и аргументи. Јалови се обидите на СДСМ своите илјада кажани лаги за овој случај да ги претстават како извртена вистина. Тоа не им поминува во јавноста, стои во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.
Ново на Сител
-

Американската војска соопшти дека ги обновила нападите врз цели во Иран
-

Ердоган на средба со Путин порача дека односите меѓу Турција и Русија се на најнапредно ниво
-

Во Србија 18 заболени од западнонилска треска, седум повеќе од претходната недела
-

Сиднеј ја регистрира најтоплата зима откако се води евиденција
-

„Сејф сити“ почна да ги лови и мотоциклистите - Детектирани девет прекршоци уште на првиот ден
-

Скопската вода безбедна за пиење и со добар квалитет
-

Нема оштетување на таблата на македонската амбасада во Софија, велат од МНРиНТ
-

Татко баран со потерница за обид за убиство, на бугарска ТВ ја брани ќерка му на која ѝ се суди за смртна сообраќајка
