Со распит на градежните вештаци продолжува судењето за пожарот во „Пулс“

Во судницата во Идризово при Основниот кривичен суд Скопје денеска треба да продолжи судењето за пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани, во кој загинаа 63 лица, а над 200 беа повредени.
Случајот се наоѓа во доказна постапка и треба да продолжи со вкрстени испрашување од одбраната на тимот градежни вештаци, кои го изработиле градежното вештачење на Обвинителството.
На минатото рочиште, тимот градежни вештаци, предводен од судскиот вештак и професор на Градежниот факултет при УКИМ, Горан Марковски, кој во време на изработка на градежното вештачење бил декан на Градежниот факултет, повеќе од четири часа одговараше на вкрстени прашања на одбраната, на обвинетите Гроздан Милковски - сопственик на објектот и општинските градежни инспектори Огњен Георгиев и Николчо Коцев.
Вештите лица кои учествувале во изработката на градежното вештачење на Обвинителството, одговараа на прашања за пренамената на објектот за вршење угостителска дејност согласно Деталниот урбанистичко план и правилници, градежните активности и пренамени на објектот, барањата за издавање лиценци за работа, надлежните за стручен надзор, како и службените обврски на градежните инспектори...
Случајот го води судијката Дијана Груевска-Илиевска, а обвинението го застапува тим од 15 јавни обвинители.
Со изведувањето на градежното вештачење, изработено од тим од Градежниот факултет при УКИМ, и распит на вештите лица што го изработиле, како што е најавено треба да заврши изведувањето докази од Обвинителството, по што одбраната треба да почне со изведување на докази.
Во пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани на 16 март 2025 година за време на настап на групата ДНК загинаа 63 лица, а над 200 беа повредени. Ова е една од најтешките трагедии во поновата историја на земјата.
МИА
Ново на Сител
-

Силекс и Брегалница ремизираа
-

Зеленски: Русија за една недела лансираше 2.100 дронови
-

Трамп тврди дека „негативните сили“ претеруваат во загриженоста околу вештачката интелигенција
-

Полска вознемирена откако Русија нападна воз од Киев за Варшава
-

Избрана нова влада на Косово, во ист состав како претходната
-

ДИК: Поднесени шест кандидатски листи за градоначалник на Општина Брвеница
-

Драматичен обид за бегство на криумчари кај Блаце, полицаец влечен за рака со возило
-

Старт на „Безбеден град“ во Велес, веќе за ден и пол околу 150 казни
