ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ и ДУИ местеле тендери

СДС и ДУИ создаваа лажна конкуренција на тендери за да можат да перат пари од буџетот, вратија од ВМРО-ДПМНЕ во соопштение.
„СДС и ДУИ одамна се познати по тендерските мрежи за нивното седумгодишно владеење, поточно за воспоставување на систем на однапред договорени тендери и контролирана конкуренција.
Во 2023 година, преку организирана и добро осмислена шема во ЕСМ, во 2023 година биле испрани околу 2 милиони евра, преку наместен јавен тендер во вкупна вредност од 8 милиони евра.
Наместо јавната набавка да биде транспарентна, конкурентна и во интерес на јавноста, во постапката биле вклучени две правни лица едно од Скопје и едно од Куманово. Но нивните улоги биле јасно дефинирани уште пред самиот почеток. Кумановската фирма била вметната само за да се создаде привид на конкуренција и да не изгледа дека скопската фирма е единствениот понудувач..“ - велат од ВМРО-ДПМНЕ.
Ново на Сител
-

Реакции по извештајот на Вајц за напредокот на Македонија
-

Преглед на вестите од светот
-

Тема на денот со Имер Селмани, поранешен вицепремиер
-

Силјановска го пречека Бегај во Скопје - интеграцијата на Балканот во ЕУ е гаранција за стабилноста на Унијата
-

Во ВРЕДИ обединети дека сакаат партија, но разединети за функциите
-

Груби и наредната недела ќе прави увид во доказите
-

Пропадна првата средба за Изборниот законик
-

Протест на „Стоп за Усје“
