ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ ги понижува земјоделците, а Македонија ја претвори во целосно увозно зависна земја
СДСМ секоја година најавува инвестициски бум во земјоделието, а реалноста е дека земјоделците се се` попонижени и попонижени.
Додека СДСМ со години говорат за аграрни политики, Македонија станува се повеќе увозно зависна за храна. Во услови на двоцифрена инфлација на цените на храната граѓаните едвај си дозволуваат да купат земјоделски производи, а во исто време земјоделците едвај успеваат да најдат пласман на своите производи и достоинствена цена. Тоа е парадоксот со кој се соочуваат земјоделците во Македонија.
Земјоделските површини како никогаш до сега стојат необработени, а државата проси масло за јадење, пченица и брашно од соседните земји. Тоа значи дека оваа власт на СДСМ нема никаква аграрна стратегија и план.
Никој не им е крив на СДСМ што уште ги немаат исплатено субвенциите за земјоделците кои доцна по две до три години. Никој не им е крив на СДСМ што земјоделците се повеќе се претвораат во социјалци. Виновни се самите тие како власт и нивната неодговорност и неспособност
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ
Ново на Сител
-
Завршен митинг на СДСМ
-
Завршен митинг на СДСМ
-
Завршен митинг на ВМРО-ДПМНЕ
-
Завршен митинг на Влен
-
Последен ден за кампања - пораки на кандидатите
-
Парламентарни избори 2024
-
Седница на ДИК за приговори од граѓани за лично избирачко право
-
Производителите на зелка бараат обештетување поради ниската откупна цена