ВМРО-ДПМНЕ: Само граѓаните на референдум може да одлучат за спорот што го има Грција со нашето име
Одлуката околу решението на проблемот кој што Република Грција го има со нашето име не е и не може да биде екслузивна сопственост само на одредени политичари, па ниту на владејачкото мнозинство во Собранието. ВМРО ДПМНЕ ги осудува изјавите на господинот Талат Џафери и ќе се спротистави на намерите мнозинството пратеници сами да изгласаат каква било промена на името без претходно за тоа да се изјаснат граѓаните на референдум и притоа мнозинството од нив да бида согласни за понуденото решение.
ВМРО-ДПМНЕ нема да прифати промена на Уставот, со цел промена на уставното име на Република Македонија.
ВМРО-ДПМНЕ нема да прифати идеи и предлози што би го загрозиле македонскиот народ и македонскиот национален идентитет, засебноста на македонската нација и на македонскиот јазик и култура.
ВМРО-ДПМНЕ, останува силно посветена на процесот на интеграција во семејството во кое припаѓа политички, културно и економски. Членството во ЕУ и НАТО ќе значи додадена вредност како за нашата, така и за регионалната стабилност, политичко заедништво и економски развој
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ
Ново на Сител
-
Приведени две лица во Чашка за поткуп при избори
-
Приведени две лица поради основи на сомнение за поткуп при избори во Чашка
-
САД со визни рестрикции за раководители на бродски компании од Колумбија кои превезуваат нелегални мигранти
-
Бајден разговараше со Нетанјаху и ја повтори загриженоста на Америка поради инвазијата врз Рафа
-
Три лица во Прилеп истепале 20-годишник
-
Скопјанец нападнат од маж и жена во автобус
-
Малолетник избоден во Куманово
-
Од среда до викендот нестабилно со пороен дожд и грмежи