ВМРО-ДПМНЕ: Русковска четири месеци кова план како да го амнестира Заев
Четири месеци откако е пријавен случајот со милионскиот рекет, ЈО единствено што прави е обид да ја убеди јавноста дека Боки 13 бил толку моќен што сам ја вовлекол Катица Јанева и рекетирал бизнисмени. Четири месеци, Русковска ја влече јавноста за нос оставајќи можност да се избришат сите траги кон политичарите и главата на рекетарскиот октопод. Четири месеци ЈО нема мрднато од мртва точка во истрагата.
Вилма Русковска четири месеци кова план како да го амнестира Зоран Заев, кој е спомнат од страна на жртвата во случајот како човек кој ги предупредил директните извршители Боки Тредичи и Зоки Кичеец.
Што крие Русковска и дали со нејзиното неделување, отвора шанса лица кои се уште не се опфатени со случајот да влијаат врз сведоци и да уништуваат докази, но и да се впуштат во бегство!?
Вилма Русковска и ЈО целосно ја компромитираа истрагата за Рекет. Со секој поминат ден неделување на граѓаните им станува јасно дека се прави излезна варијанта за Заев и власта.
Ефикасна правна разрешница во случајот Рекет со Заев на власт не е можна. Потребни се брзи предвремени парламентарни избори час поскоро. Потребна е обнова на Македонија.
Ново на Сител
-
Израелската полиција изврши рација во Ал Џезира во Ерусалим, одзеде опрема
-
Костадиновска-Стојчевска: Македонскиот јазик е нашиот национален белег и најважниот симбол на културниот идентитет
-
Косовската полиција уапси 4-ца македонски државјани меѓу кои и кондовецот Агим Красниќи
-
Макрон го повика Нетанјаху успешно да ги заврши преговорите со Хамас
-
Димитровска: ДКСК оформи 45 предмети поврзани со изборите
-
14-годишна малолетничка од Петровец избегала од дома
-
Малолетник пријавен за насилство врз неговата мајка и брат
-
Бројот на загинати во поплавите во Кенија се искачи на 228