ВМРО-ДПМНЕ: Реализацијата на капиталните инвестиции изнесува рекордно најниски триесетина проценти
Република Македонија веќе трета година по ред добива рекорден и мегаломански буџет, а граѓаните не гледаат никаква придобивки од истиот. Веќе трета година по ред криминалната банда на чело со аболицираниот Заев ги задолжува граѓаните за милионски суми, а парите на граѓаните преку криминални тендери и грантови како и непостистички и партиски вработувања завршуваат на сметка на партиските и државните функционери на СДСМ.
Сугарески денеска се пофали со рекордни средства одвоени за министерството за транспорт и врски, но притоа заборави да ја спомене катастрофалната реализација на капиталните инвестиции изминатите три години откако тој се наоѓа во министерската фотелја. Да потсетиме дека за првите 8 месеци од годинава реализацијата на капиталните инвестиции изнесува рекордно најниски триесетина проценти.
Сугарески да одговори зошто и по изминати речиси три години не е отпочната изградбата на социјални станови, проект на банката за развој на Советот на Европа? Со ваквото однесување уште еднаш се покажува неспособноста на СДСМ да раководи со фондовите на Совет на Европа.
Неодговорното, нестручното и неспособното работење на власта повторно е на штета на граѓаните, односно на оние на кои помошта им е најпотреба социјално загрозените лица.
За жал ова не е изолиран пример на неспособност на власта која за три години не реализираше ниту еден крупен инфраструктурен проект во интере на граѓаните. Напротив сите оние проекти кои ги отпочна ВМРО-ДПМНЕ власта ги стопираше и со лажни вести на нив собираше политички поени.
Доаѓа крајот на криминалната банда која ја води аболициран криминалец. Граѓаните на Република Македонија ќе одберат обнова наместо криминал и корупција.
Ново на Сител
-
Џафери: Значењето на светите браќа Кирил и Методиј е безвременско и обврзувачко, секој да го најде патот и да се вложи во напредокот
-
76-годишник почина откако се превртел со трактор
-
Иранска армија: Хеликоптерот на Раиси не бил нападнат, се запалил по падот
-
Политико: Колапс на напорите да се задржи ултрадесницата надвор од власт во ЕУ
-
Косовската опозиција со резолуција бара оставка на Курти и распуштање на Собранието
-
Сиљановска Давкова: Кирил го вградил не само својот живот, туку и нашиот во Европа и тоа мора да го почитуваме
-
Санкционирани 106 возачи на територијата на Скопје
-
Кацарска на 19. Конгрес на Конференција на европски уставни судови во Молдавија