Бизнис
22. May 2024 - 20:32

Расте просечната плата

Кредитите ќе поевтинат по најавата на  Европската  Централна банка во јуни да ги спушти каматите.  Намалувањето прво ќе го почуствуваат фирмите и  граѓаните кои имаат станбени кредити, врзани со ЕУРИБОР. Но банкарите не очекуваат некое позначително намалување сега за сега, туку старт на трендот кој ќе преовладува следните години.

- Што се однесува за новите кредити, тука нема некое позначјано влијание. Знаете за корисникот на кредитот, намалување од 01% нема да има никаков ефект. Така да, позначителен ефект се очекува во  следниот период, кој нема да биде предолг, значи не до 5 или неколку години, туку наредните години, изјави Санел Костурица, претседател на УО на Шпаркасе банка

Во април Народната банка овјави дека заштедите на фирмите се намалуваат, а благ пораст има кај депозитите на граѓаните. Ова не се должи на наруена ликвидност кај компаниите, туку на периодот на исплата на дивидинди и бонуси на сметките кај вработените

- Вообичаено е во април компаниите да влегуваа во инвестициска активност, но не станува збор за нарушена ликвидност. Што се однесува за април, кога се спија велигденските и мајските празници, имаше исплата на плати, така што парите од фирмите само се прелеаја кон вработените, изјави Нина Недансока, заменик престедател на УО на Шпакрасе банка

Инаку во април  вкупните депозити на корпоративниот сектор бележат намалување од 1,3%, додека кредите поранале за 2 отсто.  Заштедите кај домаќинстава пак за еден месец бележат скок од 157 милиони евра и вкупно во банка домаќиснтава чуваат околу 6 милијарди евра. или точно 5,92 милијарди евра.