ВМРО - ДПМНЕ: Притворените се изложени на нехуман однос, престојуваат во ќелии со температури под нулата, полни со мувла и со неисправни прозорци во сред декември

Правосудството е под јаремот на СДСМ. Судовите надвор од правната логика ги одложуваат рочиштата на Заев и за повеќе од еден месец, додека експресно процесуираат предмети против луѓе од ВМРО-ДПМНЕ.
Десетици учесници во настаните од 27-ми април, уметници и пратеници неосновано се ставени во притвор. Додека премиерот е целосно недопирлив за правосудните органи.
Притисокот не запира кај органите за прогон и пресудување, туку продолжува и во установите за притвор. Притворените се изложени на нехуман однос, престојуваат во ќелии со температури под нулата, полни со мувла и со неисправни прозорци во сред декември.
Презумпцијата на невиност овде е непознат поим. Правата на луѓето во истрага неоткриена категорија.
Прогонот кој се врши е невиден за демократска Европа. Човековите права гаранитрани со Европската конвенција за човековите права се кршат на секој чекор. СДСМ ги зароби институциите. На удар е секој еден граѓанин.
Овој прогон мора да запре. Македонија мора да стане демократска држава, со цврсто загарантиран принцип на владеење на правото.
Ново на Сител
-

ДЗС: Безбедно отстранета ретка неексплодирана минофрлачка граната од 70 mm од Првата светска војна
-

Сообраќајот низ државните патишта се одвива во зимски услови, сите патни правци се проодни
-

Сакам да кажам со Горан Михајловски | Неформално | Sitel Podcast 134
-

Двајца мажи пронајдени мртви во викендица
-

Трамп: Го откажав вториот бран напади врз Венецуела
-

Почина жената што беше прегазена утрово кај ТЦ Беверли Хилс
-

16-годишник монтирал слики со експлицитна содржина од малолетничка во Куманово
-

Препознатливиот навивачки „брк“ Ристо Шиц ќе патува со Фалангата во Данска на ЕП
