ВМРО-ДПМНЕ: Плановите на СДСМ се трикови за затскривање на неспособноста на Владата

СДСМ како во минатото, така и сега само измислува планови кои ги користи како пи ар трикови за затскривање на неспособноста на Владата. По оној фамозен план 3-6-9 кој не се оствари, направија нов план 18, за сега да велат дека имаат нов план 21 кој ќе се реализира.
На граѓаните им е кристално јасно дека СДСМ и Зоран Заев не се способни да сработат нешто за доброто на граѓаните на Република Македонија, туку дека врз грбот на граѓаните само творат сопствен капитал и на народот му замачкуваат очи.
Реалноста во Република Македонија е дека покрај разнишаното и слабо здравство, државата се соочува со најголемата економска криза. Економијата секојдневно тоне, малите и средни бизниси скоро и да не ги издржуваат овие месеци на економски колапс, а голем дел од нив веќе и не работат.
Тоа доволно укажува на фактот дека Владата предводена од Зоран Заев не е способна да креира мерки со кои ќе се помогне на граѓаните, особено на оние од приватниот сектор. Реалноста е дека граѓаните секојдневно се соочуваат со сиромаштија, тежок живот, нефункционални институции и национално понижување.
Единствено нешто кое што цвета и блеска во време на СДСМ и Зоран Заев се криминалот, рекетот, трговијата со дроги и зделки врз грбот на граѓаните. Тоа е вистинската слика за функционерите на СДСМ и нивниот лидер Зоран Заев.
Македонските граѓани не заслужуваат лаги и манипулации, туку реални и остварливи проекти. Проекти кои ќе го подобрат секојдневното живеење и ќе го зголемат животниот стандард. Тоа за жал народот не може да го очекува, ниту пак да го добие од Владата предводена од Зоран Заев.
На криминалот мора да му се стави крај и оние кои што вршеле криминални дејанија да одговараат пред законот, а потоа да ги тргнат рацете од државата и да ја остават да ја водат способни политичари на кои главна цел ќе им биде подобрување на животот на сопствениот народ, а не измислување на планови со кои само се купува ден повеќе на политичката сцена.
Ново на Сител
-

Обрадовиќ повеќе не е тренер на КК Црвена Звезда
-

Трамп го уверил Нетанјаху дека секој конечен договор со Иран ќе го вклучи и иранското нуклеарно досие
-

Уапсен тетовец кај Фонтана во Градски парк, физички нападнал полицаец
-

Мицкоски: Народ кој не ја познава својата писменост лесно станува туѓ во сопствената историја
-

18-годишник со автомобил излетал од патот и тешко се повредил
-

Во летниковец на Средно Водно пронајдено безживотно тело на 64-годишен маж
-

Константин Филозоф – св. Кирил: 42 години живот и дело што се памети 12 века
-

Уапсен водич во автобус од Косово, пробал да подмити полицајци со 50 евра
