ВМРО-ДПМНЕ: Објектот се градеше транспарентно, Жерновски лиферува погрешни информации

Од самиот почеток на изградба на објектот, ВМРО-ДПМНЕ целата постапка ја водеше крајно транспарентно, со објави во весници и со контиунирано информирање на јавноста за сите чекори од постапката, се наведува во пишаната реакција на ВМРО-ДПМНЕ на соопштението од општина Центар за извршениот инспекциски надзор на зградата во која е седиштето на партијата.
- Под транспарентна постапка беше избран и инвеститор. Постапките пред о. Центар се во тек за финално добивање на употребна дозвола, за што о. Центар мора да знае, бидејќи инвеститорот на објектот има благовремено доставувано со цел да ги запази сите постапки и процедури кои што се неопходни.
Објектот во Центар се уште не е ставен во функција, а ВМРО-ДПМНЕ својата работа ја извршува во привремениот штаб, при што јавноста исто така беше информирана. За сите други аспекти постојат документи и чекори кои што се преземени и се во согласност со законите.
Лиферуваните информации во јавноста се гола провокација без никаква законска основа. Фактот дека Градоначалникот на о. Центар нема направено ниту еден проект, нема изградено ниту еден објект и нема решено ниту еден проблем на граѓаните, оссвен пералницата на пари „Боемска улица”, е вистина, колку и да се занимава со провокации. ВМРО-ДПМНЕ во својата работа секогаш постапувала согласно со законите.
Наместо да се занимава со објекти во чија изградба се запазени сите законски постапки, Градоначалникот на о. Центар треба да излезе и конечно да проговори за аферата околу перењето пари за шминкањето на „Боемска улица“, за која се потрошени над 500 000 евра, пари на граѓаните. Треба да ги објасни личните семејни, пријателски, бизнис и политички интереси со НСДП, Тито Петковски, пратеничката Соња Мираковска, сопственикот на фирмата „Изградба Комерц“ и треба да објасни како успеа да потроши толку големи средства за стотина квадрати бехатонски плочки, стои во реакцијата од ВМРО-ДПМНЕ.
Ново на Сител
-

По седум години судење, Боки 13 ослободен од сите обвиненија
-

Перпарим Бајрами излегува од притвор со гаранција од 1 милион евра
-

МФ: Владата го усвои Дополнетиот ребаланс на Буџетот за 2026 година, ќе се достави до Собранието на усвојување
-

Лукашенко: Ако сега не ја запреме војната во Украина ќе избувне трета светска војна
-

Сиљановска-Давкова во Брисел: Очекуваме еднаков третман со другите земји кандидатки за членство во ЕУ
-

Мицкоски - Вуст: Македонија и Северна Рајна-Вестфалија ќе ја продлабочуваат економската соработка
-

Полскиот нуркач Бартоломиеј Питала предложен за почесен граѓанин на Скопје по истражувањето на пештерата Врело
-

Нудел помош на граѓани при подигнување пари од банкомат, па им земал дел од парите
