ВМРО-ДПМНЕ: Нов договор со народот, по конгресот јасен концепт и визија за Македонија
ВМРО-ДПМНЕ после 17-тиот Конгрес излегува како обединета партија со јасен концепт и визија за Македонија. Истовремено ВМРО-ДПМНЕ ќе биде стожерот околу кој ќе се обединуваат сите оние сили во Македонија кои врз основа на принципи и вредности ќе ја градат иднината на својата држава.
Тоа е можно преку нов концепт на заедништво, нов општествен договор на сите рамноправни чинители околу она што треба да претставува нов заеднички патриотизам. Заедничкиот патриотизам ќе овозможи мобилизација на секоја индивидуа во функција на развојот и новата иднина на Македонија. Оваа идеа ќе ги сруши ѕидовите и стереотипите кои политичарите ги создаваа меѓу граѓаните низ годините наназад, и ќе овозможи праведен напредок и еднакви можности за сите луѓе.
ВМРО-ДПМНЕ е најголемата политичка партија и како таква има право и обврска да повика на општествен консензус на еден заеднички патриотизам. Заедничкиот патриотизам обединува по верска, етничка, политичка и било каква припадност и има за цел да ја врати надежта на народот дека Македонија може и мора подобро.
Ваквиот пристап ќе му даде можност на секој врз основа на неговите капацитети и знаења да се вклучи во изградбата на една нова подобра иднина за Македонија. Ова е втора епоха за Македонија, епоха која бара сеопшта општествена и интелектуална мобилизација. Ова ќе биде време кога ќе владее одговорност, функционалност на институции и просперитет.
Нашата цел е Македонија да биде успешна и ВМРО-ДПМНЕ е отворена за секој кој ги дели нашите вредности и принципи.
Ново на Сител
-

УХМР: Најстудено утрово во Берово
-

ФЗО ќе соопшти за спроведените контроли на работењето и финансиското управување во јавните здравствени установи
-

Конференција на Советот на министри за култура од ЈИЕ, најавена декларација за одржливи културни модели
-

Мицкоски на поставување камен-темелник на училишна спортска сала во Ново Село
-

Силен земјотрес го погоди североисточниот дел на Јапонија, издадено предупредување за цунами
-

На скопскиот аеродром ќе биде испратен три милионитиот патник годинава
-

Ѓорѓиевски: На 15 декември заедно да го осветлиме Скопје
-

Путин објави заземање на украинскиот град Северск
