ВМРО-ДПМНЕ: Нема поголема антиевропска кампања од тоа ДУИ да е за Европа
Нема поголема антиевропска кампања од тоа ДУИ да е за Европа. По што е европска ДУИ?
Дали ДУИ е европска по Бекир Асани кој сред бел ден во центарот на Скопје тепаше полицајка пред очите на голем број очевидци, за после да се врши притисок врз жената да каже дека не ја тепал, туку се удрила во пајак?
Дали европско во ДУИ е Нефи Усеини кој од Охрид направи градежна џунгла и градеше кај ќе стигне?
Дали европско во ДУИ е тоа што кадар на нивната партија на чело на транспортниот инспекторат година дена не правел контрола во Беса транс, која возеше без лиценци?
Дали европски во ДУИ е можеби Шкодране Дардишта за која Владата уште нема коментар после заканите?
Или можеби европско во ДУИ е тоа што се градеа платформи на Матка, дивоградби кај Мавровка?
Кои се кадрите на ДУИ бандитите од ова соопштение?
За какви тоа европски вредности зборува ДУИ?
Кога ДУИ зборува за Европа, е исто како кога криминалец зборува за чесност.
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ
Ново на Сител
-
Трамп ќе му понуди на Путин ретки минерали во замена за мир
-
Без струја дел од Карпош и Кисела Вода
-
Дел од Карпош без вода, намален притисок во Трнодол, Жданец и Нерези
-
Мицкоски на увид на градежни активности на автопатот Кичево - Охрид
-
Се уште активен пожарот во „Јасен“, затворен регионалниот пат Македонски Брод - Скопје
-
САД привремено укинуваат некои санкции кон Русија пред состанокот во Алјаска
-
Зеленски ќе се сретне со Стармер
-
ЦУК: Активни два пожара, три под контрола