ВМРО-ДПМНЕ: Нема друг пример каде човек без вложен денар, добива 39% во 30 милионски деловен центар
„Не сум знаел, и за бизнисите на Дрин слушнав од телевизија“, со вакви одговори Груби си го штити местото кај Али, но народот чека оставки, истрага и одговорност.
Нема друг пример не во Македонија, туку во светот, каде човек без вложен денар, добива 39% во 30 милионски деловен центар. Дрин Ахмети, внукот на Али Ахмети без вложен денар доби 12 милиони евра.
И самиот Груби знае дека зад Дрин, стои Али Ахмети, исто како што добро знае за неговите бизниси, зошто и самата влада која без ДУИ не би постоела му дала концесија за мала хидроцентрала.
И додека Албанците чиј чичко не е Али Ахмети се иселуваат, Дрин, само заради претприемачки дух добива милиони на поклон. На Груби и на ДУИ никој веќе не им верува, демаскирани се одамна, а наскоро и ќе одговараат.
Ново на Сител
-

Младите во Радовиш ослободени од комуналии
-

Ќура - работиме на предлог закон за плажи
-

Вечерва заседава Советот за безбедност на државата
-

Тема на денот со Ивон Величковски, Движење Нова Република
-

Војна на Блискиот Исток – одекнуваат експлозии ширум регионот, расте бројот на загинати и повредени
-

Колку македонски граѓани побарале да бидат евакуирани од кризните региони?
-

Разговор со Ангела Николовска, Македонка која живее во Доха, Катар
-

Опозицијата со поддршка за САД во нападите против Иран
