ВМРО-ДПМНЕ: Наместо на работа, луѓето од СДСМ се посветени на криминал

СДСМ ќе го пушти истото стерилно соопштение, што докажува дека раководството наместо на работа е фрлено на криминал и корупција
Стандардно, веројатно за половина час од сега СДСМ ќе го пушти истото, ископирано, стерилно и безидејно соопштение со тези кои се преповторуваат и се уште еден доказ за летаргијата во нивната партија. И не дека сме видовити, туку ова се потпира на искуството во претходните недели, каде СДСМ како на расипана грамафонска плоча повторува исти фалични тези за референдумот, провива, манипулира, го повикува ВМРО ДПМНЕ итн.
Веројатно наместо на работа, луѓето од СДСМ се посветени на криминал. Но тоа нема да го покрие нивниот срам од договорот ниту ќе ги дефокусира аферите кои се случуваат на дневна основа, како и заклучокот дека нема ниту иднина, ниту ЕУ со криминал на кое посветено целото раководство на партијата на власт, со корупција која е највисока во Европа, и која е констатирана од европската унија, со образование кое е на опашката по квалитет во светски рамки, и економија која е на дното во Европа.
Ново на Сител
-

Францускиот премиер ќе ги укине доживотните привилегии за поранешните премиери и министри за внатрешни работи
-

Експлозија одзеде најмалку 10 животи во швајцарскиот скијачки центар Кран Монтана
-

Женско првото бебе годинава во Кавадарци
-

Честитка за Новата година од претседателот на Уставниот суд Костадиновски
-

Искусни планинари први на 1-ви го освоија врвот Пелистер
-

Минусни утрински температури - најстудено на Попова Шапка, 15 степени под нула
-

И во 2026 година, евтина дневна тарифа од 13:00 до 15:00 часот
-

Градоначалник на Њујорк Мамдани денеска ја презема функцијата
